Роже Мила

From Wikipedia, the free encyclopedia

Роже Мила
Remove ads

Роже Мила (роден во Јаунде на 20 мај 1952) е поранешен камерунски фудбалер кој играл како напаѓач. Тој бил еден од првите африкански играчи кој станал голема ѕвезда на меѓународната сцена. Играл на три светски првенства за Камерун.

Кратки факти Роже Мила, Лични податоци ...

Најголемиот дел од клупската кариера го поминал играјќи во Франција за екипите на Валансјен, Монако, Бастија, Сент Етјен и Монпелје. Исто така добар дел од својата кариера поминал играјќи во својата татковина, особено успешен бил во периодите додека настапувал за екипите на Леопард и Тонер.

Мила стекнал статус на интернационална ѕвезда на 38 години, возраст на која многу напаѓачи заминуваат во пензија, но тој со постигнатите 4 гола на Светското првенство 1990 и неверојатниот момент кој дошол во натпреварот против Колумбија кога му ја одземал топката на голманот Рене Игита на 20-тина метри од противничкиот голот и ја пратил во празната мрежа, оставаат силна трага зад неговото име.

Кога тој настапил на Светското првенство 1994 имал 42 години, со што е најстариот играч на завршницата на светските првенства; неговиот гол против Русија во групната фаза го прави најстариот стрелец во историјата на светските првенства.

Remove ads

Титули

Клубови

Камерун Леопард Дуала

  • Камерунско првенство (2) : 1972, 1973.

Камерун Тонер

  • Куп на Камерун (1) : 1974.

Франција Монако

  • Куп на Франција (1) : 1979-1980.

Франција Бастија

  • Куп на Франција (1) : 1980-1981.

Франција Монпелје

  • Лига 2 (1) : 1986-1987.

Репрезентација

Камерун Камерун

  • Африкански Куп на Нации (2) : 1984, 1988.

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads