Росана Тодоровска
македонска пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Росана Сариќ - Тодоровска (Куманово, 14 декември 1964) — македонска пејачка на народна музика. Таа живее и работи во Скопје. Во почетокот настапувала со нејзината сестра Маријана, во дует познат како Маријана и Росана, но подоцна кога нејзината сестра се иселува во Австралија, таа продолжува соло. Росана понекогаш настапува со групата наречена „Четири грации“, каде покрај Росана се и Благица Павловска, Адријана Алачки и Бади Бекир. Мажена е за македонскиот глумец Ѓорѓи Тодоровски - Трупче.[1]
Remove ads
Биографија
Росана за првпат јавно настапува во дует со својата сестра близначка на 17-годишна возраст. Кариерата ја започнува со интерпретации на поп мелодии, но нејзиниот интерес се менува па денес е една од ѕвездите на фолк естрадата. Од 1991 година започнува нејзината соло кариера. Има испеано голем број хитови, остварено соработка со многу еминентни автори. Често е присутна на фестивалските сцени а како најнов нејзин проект е Грации кој е вистинско освежување за нашата естрада.[2]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads