Росточки универзитет
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Росточки универзитет (германски: Universität Rostock) — универзитет во градот Росток, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија.
Основан во 1419 година, тој е еден од најстарите универзитети во светот и најстар и најголем универзитет во континентална Северна Европа и областа околу Балтичкото Море. Тој е трет најстар универзитет во Германија, кој работел без прекин. Универзитетот е поврзуван со пет нобеловци. Во зимскиот семестар 2011/12 биле запишани 15.312 студенти.
Remove ads
Луѓе
Во скоро шест векови постоење, бројни познати студенти и професори се поврзуваат со универзитетот. Дел од нив се:
- Тихо Брахе — дански астроном
- Карл Фридрих Вилхелм Брокман — филозоф
- Алберт Ајнштајн — физичар и нобеловец (почесен доктор на наука во 1919[2])
- Олав Енгелбректсон — 28. и последен римокатолички архиеписок на Нидарос
- Арно Еш — студент и либерален политичар
- Карл фон Фриш — етнолог и нобеловец
- Јоахим Гаук — 11. претседател на Германија, студирал теологија во Росток до 1965, почесен доктор
- Конрад Геселен — астроном, математичар и свештеник
- Валтер Халштајн — прв претседател на Европската комисија
- Хоскулд Хоскулдсон — 28. и последен римокатолички епископ на Ставангер
- Валтер Кемповски — писател
- Албрехт Косел — научник и нобеловец
- Могенс Лауритсен — 27. и последен римокатолички епископ на Хамар
- Макс Планк — физичар и нобеловец (почесен доктор на науки во 1919)
- Исак Рилф — филозоф
- Мориц Шлик — филозоф
- Хајнрих Шлиман — археолог
- Рудолф Штајнер — антрополог
- Ото Штерн — физичар и нобеловец
Remove ads
Галерија
- Главната зграда на Росточкиот универзитет
- Зоолошки институт
- Анатомски институт
- Ботаничката градина на Росточкиот универзитет
Поврзано
- Список на универзитети во Германија
- Росток
- Грајфсвалдски универзитет
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads