Рудолф Штајнер

From Wikipedia, the free encyclopedia

Рудолф Штајнер
Remove ads

Рудолф Штајнер (германски: Rudolf Steiner; 25 февруари 1861 30 март 1925 ) — австриски филозоф, книжевен научник, просветен деец, уметник, драмски писател, и езотеричар.[1][2][3] Тој е основач на антропозофијата, валдорфското образование, биодинамичкото земјоделство, како и на антропозофската медицина.[4]

Кратки факти Рудолф Штајнер, Период ...

Штајнерзастапувал една форма на етички индивидуализам, а својата епистемологија ја извлекол од погледот на свет на Гете: „Размислувањето… не е ништо помалку ни повеќе од орган за перцепција. Како што окото ги забележува боите, а увото звуците, така размислувањето ги забележува идеите.“[5]

Thumb
Рудолф Штајнер, фотографија направена за време на неговото дипломирање во средно училиште
Thumb
Рудолф Штајнер, студент (1882)
Thumb
Рудолф Штајнер, фотографија од 1900 година
Remove ads

Животопис

Од 1879 до 1883 година, Штајнер се школувал во Виена, на Институтот за технологија (Technische Hochschule), каде и дипломирал математика, физика, и филозофија.[6]

Thumb
Куќата во која е роден Рудолф Штајнер, денес Хрватска

Во својата автобиографија, Штајнер наведува дека кога имал 21 година, во воз на патот од неговото село до Виена, се сретнал со некој собирач на билки, Феликс Когутски, кој зборувал за духовниот свет „како некој што има лично искуство во врска со тоа.“ Овој собирач на билки го запознал Штајнер со човек кого Штајнер едноставно го нарекува „учител“, а кој извршил големо влијание во развојот на Штајнер, посебно со тоа што го навел да ја изучува фолозофијата на Јохан Готлиб Фихте.[7]

Во 1891 година, Штајнер се стекнал со титулата доктор на филозофија на Универзитетот Росток, во Германија, со тезата заснована врз концептот на егото на Фихте, подоцна печатена во проширена форма како Вистина и знаење.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads