Рострална вентролатерална медула
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ростралната вентролатерална медула (RVLM), позната и како пресорна област на медулата, е мозочен регион кој е одговорен за базалната и рефлексната контрола на симпатичката активност поврзана со кардиоваскуларната функција.[1] Абнормално покачената симпатична активност во RVLM е поврзана со различни кардиоваскуларни заболувања, како што се срцева слабост и хипертензија.[1] RVLM е особено вклучен во барорецепторниот рефлекс (барорефлексот).
Добива инхибиторен ГАБА-ергичен влез од каудалната вентролатерална медула (CVLM). RVLM е примарен регулатор на симпатичкиот нервен систем ; тој испраќа катехоламинергични проекции до симпатичните преганглионски неврони во интермедиолатералното јадро (лат. Ncl. intermediolateralis) на ’рбетниот мозок преку ретикулоспиналниот тракт.[2]
Физостигмин, инхибитор на холин-естераза, ги зголемува ендогените нивоа на ацетилхолин и предизвикува зголемување на крвниот притисок со стимулација на RVLM.[3] Орексинергични неврони од латералниот хипоталамусот проецираат во RVLM.[се бара извор]
Remove ads
Поврзано
- Вазомоторен центар
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads