Рудар
лице што копа руда од земјата From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рудар — лице што копа руда, јаглен, креда, глина или други минерали од земјата преку рударството. Постојат две значења во кои се користи изразот. Во својата најтесна смисла, рудар е некој што работи на карпи; сечење, минирање или со други зборови отстранување на карпите.[1][2] Во поширока смисла, „рудар“ е секој што работи во рудник, а не само работник на карпи.[1] Рударството е една од најопасните занаети во светот. Во некои земји, рударите немаат општествено осигурување и во случај на повреда можат да бидат оставени самите на себе.[3]
„Рудари“ води овде. За селото во Грција, видете Рудари (село).

Remove ads
Современи рудари
Рударските инженери ги користат начелата на математиката и науката за да развијат филозофски решенија за технички проблеми за рударите.
Во повеќето случаи, потребно е да се има диплома за додипломски студии по инженерство, рударско инженерство или геолошко инженерство. Бидејќи технологијата постојано се менува, рударите и рударските инженери треба да го продолжат своето образование.[4]
Основите на рударското инженерство вклучуваат пронаоѓање, вадење и подготовка на минерали, метали и јаглен. Овие ископани производи се користат за производство на електрична енергија и во преработувачките индустрии. Рударските инженери исто така ја надгледуваат изградбата на подземните рударски операции и создаваат начини за превезување на извадените минерали до погоните за преработка.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads