Рудиште (Пехчево)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рудиште (познато и како Раковец) — доцноантичка и средновековна рударска населба. На околу 3 километри источно од градот Пехчево, во подножјето на Буковиќ, на една пространа ледина на потокот Раковец се зачувани остатоци од темели на објекти, многу градежен материјал, како и фрагменти од керамички садови и питоси. На долниот крај на наоѓалиштето има и темели од старохристијанска црква. Во овој простор се откриени десетина рударски јами и доста згура од топено железо. Било најдено депо на железни рударски алатки и еден епиграфски споменик кој исчезнал во времето на Втората светска војна.[1]
Remove ads
Поврзано
- Буковиќ — населба од доцноантичко време;
- Во Реката — рудник од доцноантичко време;
- Градиште (или Манастириште) — градиште од доцноантичко време;
- Манастир — старохристијанска црква; и
- Селиште — населба од доцноантичко време.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads