Градиште (Пехчево)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Градиште (познато и како Манастириште) — градиште од доцноантичко време. На околу 7 километри од градот Пехчево, на десниот брег на Брегалница, на висок рид со доминантна положба се гледаат ѕидови од одбранбен бедем на тврдина. Бедемот оградува простор од околу 200 × 150 метри што е обраснат со букова шума. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, покривни ќерамиди, множество градежен материјал, како и урнатини од повеќе објекти. Биле најдени монети и жлезни предмети.[1]
Remove ads
Поврзано
- Буковиќ — населба од доцноантичко време;
- Во Реката — рудник од доцноантичко време;
- Манастир — старохристијанска црква;
- Рудиште (или Раковец) — доцноантичка и средновековна рударска населба; и
- Селиште — населба од доцноантичко време.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads