Рудник за сол Вјеличка
рудник за сол во Полска From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рудникот за сол Вјеличка - рудник за камена сол во Вјеличка во близина на Краков. Од 13 век до 1772 година, заедно со рудникот за сол Бохнија, бил дел од Краковските жупи (полска компанија за ископување сол). Солта која се ископува во рудникот потекнува од миоценот.[1]


Во 1976 година рудникот бил впишан во националниот регистар на споменици. Две години подоцна бил додаден на првата листа на светско наследство на УНЕСКО. Во 1989 година, рудникот за сол Вјеличка бил додаден на листата на светско наследство во опасност, од која бил отстранет во 1998 година. Од 1994 година исто така се наоѓа на листата на историски споменици на Полска. На 30 јуни 1996 година, целосно била прекината експлоатацијата на рудникот.[2] Рудникот за сол Вјеличка во 2007 година на сенародното гласање на „Жечпосполита“ бил одбран како едно од седумте чуда на Полска, освојувајќи најголем број гласови.[3]
Во сопственост на рудникот Вјеличка се вбројува и бушотината „Барич“, која функционирала во периодот на 1924–1998 година. Подоцна е затворена, а на нејзино место се наоѓа депонијата за комунален отпад.[4]
Во периодот на 2005-2011 година, бројот на туристички посети во рудникот, е на ниво, проближно еден милион туристи годишно. Од 2009 година, подземјето на Вјеличка бележи постојано зголемување на бројот на посетители, од година во година. Во период од една деценија, посетата на туристи од 981 илјади е зголемен за 90%. Во историјата на туризмот на рудникот, 2019 година останува рекордна со 1,9 милиони туристи.
За жал, оваа брзо растечка статистика била прекината од пандемијата КОВИД-19. Нивото на туристички посети паднало до раните 1990-ти (приближно 440.000 посетители). Во следните години, има постепено зголемување на туристичкото движење, при што рудникот бил посетен главно од домашни туристи во периодот 2020-2022 година. Трендот се променил во следната година, кога се забележани вкупно 1,52 милиони посетители, од кои странските туристи учествуваа со 57%. Странските посетителите во 2023 година главно доаѓале од Европа (Велика Британија 220,4 илјади, Чешка и Франција по 58,5 илјади, Италија 54,4 илјади). Во септември 2023 година, 50-милионитиот турист го преминал прагот на рудникот за сол (според статистиката што се води од крајот на Втората светска војна).
Во септември 2012 година била отворена втората патека во рудникот за сол Вјеличка – Рударската рута. Во текот на седум години, Рударската рута ја посетиле 217,5 илјади туристи. Поради пандемијата КОВИД-19, оваа патека била затворена во март 2020 година и повторно отворена 3 години подоцна во април 2023 година. Во првите девет месеци од 2023 година, рутата ја посетиле 22,3 илјади туристи.
Кон крајот на 2014 година во близина на рудникот била изградена кула за градација. Дрвена констукција, која се користи во производството на сол. Со употреба на гранки од трнинка, од солениот раствор се отстранува водата, низ процес на испарување, кој ја зголемува концентрација на минерални соли. Во 2019 година оваа кула за градација на Вјеличка ја посетиле рекордни 234,3 илјади туристи. Туристичките посети на кулата постепено се зголемувале, а во 2023 година бележи пораст од 66% споредено со перидот пред пандемијата.
Remove ads
Геологија
Рудникот за сол Вјеличка се наоѓа во западниот дел на наоѓалиштата на сол во под Карпатите, чија старост се проценува на приближно 14 милиони години. Овие наоѓалишта се формирале во миоценот, за време на исчезнувањето на морето Паратетис, кое станало затворено море со висок степен на соленост. Затворањето на ова море било предизвикано од разладувањето на климата пред 14 милиони години. Тоа предизвикало создавање на ледници, кои пак го намалиле нивото на океаните за околу 40-50 метри. Паратетис подоцна бил поврзан со океаните преку Средоземното Море преку теснец во областа на денешна Словенија, помеѓу Алпите и Динарските Алпи. Спуштањето на нивото на морето и тектонските движења предизвикале отцепување на Паратетис. Во ова море се случила Баденската криза, слична на подоцнежната Месинска криза во Средоземното море.[5]
Топлата клима и постојаното спуштање на морското дно (што довело до формирањето на Карпатите ) создавале поволни услови за седиментација. Најгустото солило истекувало во длабочините, каде почнало да се таложи како сол, а подоцна и калциум сулфати, главно во подножјето на Катрпатите[5]. Во јужниот дел на базенот се формирале тврди наслаги, додека во северниот и централниот дел се формирале напластени наноси. Времетраењето на процесот на седиментација се проценува на 15-20 илјади години, а потоа следел процесот на полнење на резервоарот со глинени и калливи слоеви. За време на последните орогени движења на Карпатите, дошло до преклопување на овие наноси и наслаги. Рудникот на сол во Вјеличка е со размери околу 10 км должина, 600–1500 м ширина и од неколку до околу 400 м длабочина
Remove ads
Оперативна историја

Почетоците на пронаоѓање на сол во Вјеличка се поврзани со експлоатација на „солени извори“, односно извори на солена вода во оваа област. Ваквиот раствор бил собиран и прочистуван, а подоцна доведен до вриење. Почетоците на експлоатацијата датираат од ерата на средниот неолит (3.000 п.н.е.). Ова е документирано со бројни археолошки наоди од истражувања спроведени по Втората светска војна. Поголемиот дел од откритијата биле заслуга на научните работници и истражувачите од музејот на Краковските Жупи Откриени биле праисториски инсталации за испарување на солена вода. На големи огништа биле поставувани десетина глинени садови, издолжени на оган, во кои имало природно солена вода. Процесот на загревање овозможувал да се добие прво густ раствор, а со текот на времето цврста маса со висока содржина сол за јадење (NaCl).
Експлоатацијата на изворите на солена вода траелa 3-4 милениуми, сè додека не престанале природните, обилни извори. На преминот од 12 и 13 век, започнало дупчењето на подлабоките бунари. Првата јама што овозможувала ископување на камена сол била во Бохнија, лоцирана источно од Вјеличка. Наскоро и во Вјеличка биле откриени наслаги на сол, кои не биле многу длабоко. Бунарите ги претвориле во јами, т.е. вертикални ископи со можност за хоризонтално движење со галерии.
Се издвојуваат најмалку три типа на камена сол:
- зелена сол - непроѕирна поради измешаност со глина (6-7%),
- бронзена сол - кристална, но измешана со песок,
- брза сол – најквалитетна, проѕирна, во големи кристали.
Во периодот 70тите од 19 век се сметал за најпродуктивен рудник за сол во светот. Во тоа време биле ископани до 500.000 тони сол, по цена од околу 20 фиорини (официјална монета на Австрија) по тон. Според извештаите на новинарот на Сајентифик Американ, рудникот имал седум нивоа, достигнувајќи длабочина од 240 до 300 метри. Заработката изнесувала помеѓу 30 крајцери до 1 фиорини дневно. Вработените со задоволство прифаќале "бакшиш" од посетителите. Во тоа време во рудникот работеле околу 500 коњи, најчесто доживотно.
Remove ads
Грижа за рударите

Во 1289 година, војводата Хенрик IV Пробус наредил да се изгради бања во Вјеличка, која исто така служела како работно место за медицински работници кои нуделе едноставни хируршки зафати, како и помош на жртвите од несреќи или вдовиците и сираците на рударите. Во 1363 година, кралот Казимир III Велики основал болница во рудникот со која управувале калуѓери од манастрирот на Св. Дух. Во 1697 година, позицијата на управител на медицинската служба за прв пат во Полска ја зазела жена, Магдалена Бенџиславска.
Карактеристики на рудникот

Рудникот Вјеличка има девет нивоа, од кои првото – нивото Боно – достигнува до длабочина од 64 метри, додека последното се наоѓа на 327 метри под површината. Вкупната должина на тунелите што поврзуваат приближно 3.000 рударски работни простории (галерии, рампи, експлоатациони комори, езера, јами и мали јами) надминува 300 километри. Волуменот на ископувачкиот комплекс е прибллижно 7,5 милиони м³.
Рудникот се карактеризира со уникатна микроклима, која покрај високата влажност и концентрација на натриум хлорид, има и константна температура (приближно 14–16 °C ), соодветен притисок, јонизација и висока содржина калиум, магнезиум и калциум во воздухот. Поволна е за третмани за рехабилитација за лица со болести на горниот респираторен тракт, кои се извршуваат на длабочина од 135 метри, во комората на езерото Весел.
Remove ads
Туристичка рута
Подземната туристичка рута на рудникот Вјеличка е создадена на преминот од 18 и 19 век. Околу еден милион туристи, секоја година го посетуваат рудникот. Рутата е долга околу 3 км, составена од 20 комори, лоцирани на длабочини помеѓу 64 и 135 метри (нивоа I – III). На оваа рута треба да се поминат приближно 800 скали. Дел од патеката е достапна за инвалидска количка. Турата трае приближно 2-3 часа. На официјалната веб-страница на оваа туристичка атракција, може да се направи виртуелна обиколка на објектот.

Комора на Никола Коперник
Оваа комората била создадена пред 1785 година благодарение на експлоатацијата на грутки зелена сол. Во неа се наоѓа скулптура од сол, која го прикажува Никола Коперник, кој најверојатно бил гостин во рудникот Вјеличка. Ова дело е создадено од Владислав Хапек во 1973 година, во чест на 500-годишнината од раѓањето на астрономот.
Комората Јановице

Оваа комора била изградена во 17 век. Денес во неа има претставено група на фигури кои ја илустрираат полската легенда за потеклото на рудникот за сол во близина на Краков. Камената сол во Вјеличка почнала да се ископува на крајот на 13 век за време на владеењето на принцот Болеслав V Срамежливиот и неговата сопруга Света Кинга, принцезата на Унгарија. Според легендата, принцезата Кинга пред да пристигне од Унгарија во Краков, главниот град на Полска, таа сакала да и подари на својата нова татковина специјален подарок. Откако дознала дека во Полска не се ископува камена сол, таа го замолила својот татко, кралот Бела IV, дали може за им подари еден од унгарските рудници за сол. Кралот го исполнил барањето на неговата ќерка.
Комора Силек
Во оваа комора се наоѓа колекција на реконструирани уреди кои се користеле за хоризонтален транспорт на сол, кои меѓудругото биле: количка наречена Унгарско куче или санки наречени шлафи.

Комората на Казимир III Велики
Комората своето име го добила според кралот Казимир III Велики, авторот на статутот на Рудниците за сол во Краков. Името на комората е дадено во 1968 година на шестотгодишнината од издавањето на статутот. Истата година рударот-скулптор Владислав Хапек во карпа од сол направил биста на кралот. Овде исто така може да се види направа од саксонски тип, наречена коњски мотор, оригинална машина од 18 век која се користи за вертикален транспорт.
Јамата на Кунегунда
Јамата е создадена најверојатно во 1829 година и ја поврзува Комората на Казимир III Велики со горното ниво II. Во неа може да се видат бројни форми на секундарна кристализација на сол: сталактити и сталагмити. Има и бројни фигури на џуџиња кои треба да презентираат разни положби на рударите за време на работата во рудникот.
Капелата Св. Кинга

Во капелата Св. Кинга се сместени моштите на Св. Кинга. Таа претставува е подземен храм, со димензии околу: должина 54м ширина 18м и висина 12м. Капелата се наоѓа на 101 метар под земја и е една од најголемите атракции на рудникот Вјеличка. Подот е издлабен од еден блок сол, а лустерите се направени од кристали на сол. Во капелата има релјефи кои ги илустрираат настаните од Новиот Завет (вклучувајќи го Бегство во Египет, Дванаесетгодишно Христос во храмот, Тајната вечера ) и Божиќна сцена на Христовото раѓање. Главниот олтар, издлабен од рударот Јозеф Марковски, се состои од главната скулптура - Св. Кинга и две странични – Св. Јосиф и Св. Климент Во 1999 година во капелата била поставена склпрура од сол на папата Јован Павле Втори, дело на рударот и скулптор Станислав Аниол


Во капелата се одржуваат свети литургии: на денот на именденот на светицата заштитник Св. Кинга и Св. Барбара, како и полноќната литургија или Пастирска литургија, во вечерта на Божиќ. Поради одличната акустика, во капелата исто така се одржувале концерти: како концертот на Блекмор Најт и Најџел Кенеди.
Вајмарска комора
Именувана по местото на престој на Јохан Волфганг фон Гете, еден од првите гости на рудникот Виличка, чија скулптура се наоѓа на влезот во комората. Комората била изградена на почетокот на 20 век, откако механички била ископана карпа зелена сол. Ефикасноста на работата била постигната со примена на аксплозив и потоа чистење на страничните ѕидови. Внатре во комората се наоѓа и фигура на благајникот - добриот дух на рудникот и вагон со сол. Ова се елементи кои го презентирале штандот на рудникот на изложбата Експо 2000 во Хановер.
Отворот видлив под плафонот на комората, е дел од вентилациониот тракт. Во 1960-тите комората била преплавена со солена вода, создавајќи езеро. Подоцна биле изградени дрвени конструкции, мост и скали, за да може да се обезбеди посигурна и подобра посета на самата комора.
Комора Михаловице

Оваа комора е висока 35 метри и била во употреба речиси 100 години. Од самиот почеток на своето постоење, заради нејзината висина, неопходна била изградба на посебни заштитни мерки, кои вклучувале дрвени конструкции и ѕидови од коцки сол. Во 70-тите на 19 век биле вградени два дополнителни столба со попречни греди.
Комората посветена на Јозеф Пилсудски била изградена во 19 век. Таа е поделена на две сали поврзани со тунел. Поради тоа што дното било преплавено со солена вода, туристите можат да се движат низ тунелот со помош на сплав. Во 19 век на брегот на езерото била поставена скулптура на која е претставен светецот заштитник на давениците Св. Јован Непомуцен Од 1997 година во комората бил поставено споменик на Маршалот на Полска, дело за скулпторот Станислав Аниол.

Комората на Станислав Сташик
Ова е највисока комора, со висина од 50м, била изградена на преминот од 19 и 20 век. За време на Втората светска војна, таа била планирана како место за фабрика за склопување на нацистички авиони. Сепак, Германците се повлекле од оваа идеја поради страв од напредувањето на советските трупи. Во комората се наоѓа биста на Станислав Сташиќ - пионер во индустриската употреба на минерали во Полска.
Remove ads
Музеј на сол на Краков

Во рудникот Вјеличка, покрај туристичката рута, може да се посети и подземната изложба на Музејот на сол на Краков кој се наоѓа на нивото III на длабочина од 135 метри. Збирките се претставени во 14 комори и ја прикажуваат историјата на рудникот, алатките и опремата што се користи за ископување и транспорт на сол, како и историјата на градот.


Remove ads
Кристални пештери
Надвор од музејската поставка се наоѓа природниот резерват Кристални пештери, каде што можат да се најдат исклучително големи кристали на халит. Во 19 век, примероците од резерватот влегле во збирките на водечките музеи во светот, каде што се чуваат до денес (одна од нив е Природонаучниот музеј во Виена). Во Краков има две вакви презентации, достапни за посетители, со димензии од над 1 метар на 1 метар, секое со неколку десетици кристали, со рабови долги од по неколку до десетина сантиметри. Тие се наоѓаат, во витрина, во холот на универзитетската зграда на Геолошкиот Факултет, на ул. Олеандри бр. 2а. Повеќето пештери се сочувани и неоштетени, а од заштитни причини само повремено им се дозволува пристап на специјалистите.



Remove ads
Рудникот во сферата на културата
Првиот многу обемен и детален поетски опис на рудникот Вјеличка го дал полско-латинскиот поет и преведувач од 16 век Адам Шретер во неговата песна Salinarum Vielicensium. Ова дело е создадено под влијание на впечатоците од посетата на Вјеличка. Покрај восхитот од убавината на подземниот свет, содржи и многу интересни податоци за рударската опрема и работата на рударите.
Рудникот Вјеличка и втората книга Историја според Херодот, а поточно случките во лавиринтот, биле инспирација за романот Фараон на Болеслав Прус. Делот каде Херодот го опишувал овој древен египетски лавиринт, Прус го искористил во својот опис во Фараон (поглавја од 56 до 63) Прус го посетил рудникот во 1878 година и последователно ги изразил своите впечатоци во серија од три статии со наслов: Разгледници од патувањето (Вјеличка), во Варшавски курир “, 1878, изданија 36–38 Зигмунт Швејковски, книжевен научник и истражувач на делото на Прус, пишува: „Сугестивното значење на сцените во лавиринтот произлегува, меѓу другото, и од фактот дека тие се ехо на сопствените впечатоци на Прус, кои ги доживеал при посетата на Вјеличка“.

Рудникот Вјеличка, исто така, бил поттик за фрагмент од криминалистичкиот роман „Гнасниот заговор“ на францускиот романсиер Максим Шатам.
Рудникот Вјеличка исто така послужил како локација за снимање на полскиот филм, комедијата Сексмисија.
Remove ads
Библиографија
- Антони Јодловски, Рудникот за сол Вјеличка, Музејот на рудникот за сол во Краков, Вјеличка 2000 година.
- Антони Јодловски (уред.), Историскиот рудник за сол на музејот на солта во Краков во Вјеличка, Музеј на солта во Краков, Вјеличка 2006 година.
- Јакуб Мазурек (2007) „Рударство и геоинженеринг“, с.409
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads