Рудник „Добрево“

рудник на олово-цинкова руда во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Рудник „Добрево“map
Remove ads

Добрево — лежиште и подземен коп на рудникот „Злетово“ на оловноцинкова руда, кој се наоѓа во источните делови на Кратовско-злетовското вулканогено подрачје, на оддалеченост од 7 километри од градот Пробиштип.

За истоименото село видете тука
Thumb
Влезната порта на рудникот

Геологија

Во геолошката градба на наоѓалиштето учествуваат, главно, вулкански карпи претставени со различни типови на андезити, дацити, игнимбрити, дацито-андезити, вулкански туфови и друго. Оловно-цинковата минерализација во наоѓалиштето е контролирана, најчесто, од раседните структури. Според генетските услови на настанок, жиченото оловно-цинково наоѓалиште Добрево е формирано во субвулкански услови, во рамките на хидротермалниот стадиум на формирање. Содржината на главните метали во просек е: 9% олово, 3% цинк, 45 g/t сребро и зголемени содржини на кадмиум, бизмит, злато, арсен, индиум, галиум, германиум и др.[1]

Remove ads

Руда

Главни рудни минерали и носители на оловото и цинкот се галенитот и сфалеритот, редовно следени од халкопирит, тетраедрит, тенантит, пирит, борнит, енаргит и др.[1]

Галерија

Рудник
Руди

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads