Рудник „Радуша“
рудник во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Радуша — поранешен рудник на хромова руда, кој се наоѓа на 18 километри северозападно од градот Скопје. Околу рудникот била создадена рудничка колонија, која и денес се води како посебна административна единица со името Рудник Радуша.[1] Рудникот влегувал во рамки на ХЕК „Југохром“.

На местото на депонијата на рудникот се создало езеро Радуша (акумулација „Такбол“), откако рудникот престанал да работи.[2]
Remove ads
Опис
Радушкиот масив е најголем (околу 70 километри) и се смета за најрудоносен. Во неговиот подински дел преовладуваат дунити и харцбургити, каде што се и најзначајните рудни тела. Средната зона на масивот е изградена од харцбургити и лерзолити, каде што хромната минерализација е незначајна. Во кровинскиот дел дунитите се позастапени и минерализацијата е поприсутна. Хромните рудни тела се поврзани за дунитите со едноставна минерализација. Вкупните рудни резерви се 649.905 тони.[1]
Remove ads
Историја
Рудникот не бил оштетен за време на Скопскиот земјотрес, но сите негови инженери освен еден настрадале во земјотресот.[3]
Рудникот Радуша заминал во банкрот во 1974 година.[2]
Галерија
- Објект од поранешниот рудник Радуша
- Објект од поранешниот рудник Радуша
- Поранешен управен објект
- Објект од поранешниот рудник Радуша
- Рудник Радуша
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads