1891
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1891 (MDCCCXCI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1891 година од новата ера, 891. од вториот милениум, 91. од XIX век и втора од 1890-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7399 и 7400 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6641 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5651 и 5652 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2644.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1891 година се протега во 4527 и 4528, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4587 и 4588 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2434. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1308 и 1309 исламска година.
Remove ads
Настани
Родени
- 21 јануари - Франциско Лазаро, првиот португалски маратонец на Олимписките игри.
- 15 мај - Михаил Булгаков, руски романописец и драматург.
- 1 октомври - Ангел Динев, македонски општественик и публицист.
Починале
- 7 март - Франц Миклошич, словенечки славист.
- 8 мај - Мадам Блаватска, основачот на теозофија и Друштвото на теозофи.
- 28 септември - Херман Мелвил, американски писател, есеист и поет, наречен Американскиот Шекспир, автор на делото Моби Дик.
- 10 ноември - Артур Рембо, француски поет.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads