Рупка (Црничани)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Рупка — археолошко наоѓалиште во битолското село Црничани. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото, на падините на Селечка Планина, од обете страни на патот за селото Дедебалци, каде на површина од околу 2 хектари, во неколку приватни ниви се откриени ѕидови градени од камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Исто така се откриени и гробови градени од камени плочи, мермерен столб со натпис и бронзени монети.[1]
Remove ads
Поврзано
- Клепач — населба од средниот век;
- Крсто — осамен наод од римско време;
- Св. Петка — базилика од старохристијанско време;
- Тврди Град — населба од доцноантичко време;
- Црничани;
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads