Црничани (Битолско)

село во Општина Могила From Wikipedia, the free encyclopedia

Црничани (Битолско)map
Remove ads

Црничани — село во областа Пелагонија, во Општина Могила, во околината на градот Битола.

Кратки факти
Remove ads

Потекло на името

Името на селото најверојатно потекнува од црната земја што го покрива атарот на ова село.[2]

Географија и местоположба

Thumb
Поглед на селото Црничани

Селото се наоѓа во Пелагонија, во источниот дел на Битолското Поле, во југоисточниот дел на територијата на Општина Могила.[3] Селото е ридско, на надморска височина од 690 метри. Од градот Битола, селото е оддалечено 27 километри.[3]

Црничани е мало македонско село, вовлечено во долината на Црничка Река. Околни села се: Путурус, Мојно и Арматуш.[4]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Габерски Дол, Петреа Леска, Тврди Град, Грамада, Присој, Плоча, Козјак, Рупка, Црвениците, Преслоп, Душманица, Трските, Три Кладенци, Ветрушка, Коњарник, Клепач, Ресуља, Браненица и Рудник.[4]

Селото има збиен тип и е поделено на две маала: Чивлак и Село.[4]

Од општинското средиште Могила е оддалечено 14 километри.[2]

Remove ads

Историја

Според кажување на мештаните, во месноста Тврди Град постоел град, како што им пренесувале старите. Бидејќи месноста се обработувала, биле пронаоѓани грнчарски производи. По Првата светска војна, во долниот дел на селото бил пронајден мермерен камен, кој подоцна бил пренесен во Скопје.[4]

Се верува дека селото било основано во втората половина на XVIII век. Основач на селото бил поп Петре, најстар предок на денешниот род Поповци. Поп Петре побегнал негде од Охридско и стигнал во селото. Најпрвин со синовите го основал селото во месноста Петреа Леска, а подоцна го поместиле селото на месноста Селски Кладенец. Дури подоцна преминале на денешната местоположба. На двете месноста се сретнуваат старини.[4]

Во XIX век, Црничани било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

Селото било двапати запалено. Најпрвин во 1906 година било запалено од грчки чети од мариовското село Маково. Второто палење се случило за време на Првата светска војна. По тоа опожарувањето, мештаните три години живееле во градот Прилеп.[4]

Стопанство

Атарот зафаќа простор од 12,5 км2. На него преовладуваат пасиштата на површина од 607 хектари, а на обработливото земјиште отпаѓаат 523 хектари.[3]

Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[3]

Население

Thumb
Поглед на чешма во селото
Повеќе информации Година, Нас. ...

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Путурус било село со 25 домаќинства и 140 жители.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Црничани живееле 256 жители, од кои 240 Македонци и 16 Роми.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Црничани имало 144 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црничани се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 23 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[9]

Селото е мало, населено со македонско население. Така, тоа во 1961 година имала 295, а во 1994 година 54 жители.[3]

Според пописот од 2002 година, во селото Црничани живееле 41 жител, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 3 Македонци и 6 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

Црничани е македонско православно село, родовите во селото сите се доселени, денешното село е основано средината на ХVIII век кога се населил родот Поповци.[4]

Родови во Црничани се: Поповци (31 к.), тие се основачи на селото, доселени се средината на ХVIII век од Охридско, го знаат следното родословие: Цветан (жив на 58 г. во 1951 година) Марко-Петко-Марко-Трпко-Поп Петре кој се доселил во селото; Димчевци (3 к.), доселени се од селото Арматуш и Цоцевци (1 к.), доселени се од Подмол, таму имаат роднини доселени од Егејска Македонија.

Remove ads

Општествени установи

  • Поранешно основно училиште

Самоуправа и политика

Селото влегува во рамките на Општина Могила, која била создадена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална општина Добрушево.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Битола.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Будаково, во која селото Мусинци, се наоѓале и селата Алинци, Арматуш, Будаково, Горно Чарлија, Далбеговци, Дедебалци, Добрушево, Долна Чарлија, Ношпал, Путурус, Радобор, Трап и Црничани. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Дедебалци, во која влегувале селата Арматуш, Дедебалци, Далбеговци, Горно Агларци, Долно Агларци и Црничани.

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 0216 според Државната изборна комисија, сместено во продавницата.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[17] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 27 гласачи.[18]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Thumb
Главната селска црква „Рождество на Пресвета Богородица“
Цркви[19]
Археолошки наоѓалишта[20]
  • Св. Петка — базилика од старохристијанско време;
  • Клепач — населба од средниот век;
  • Крсто — осамен наод од римско време;
  • Рупка — населба и некропола од римско време; и
  • Тврди Град — населба од доцноантичко време.
Реки[21]
Remove ads

Редовни настани

Иселеништво

Од селото се иселил значителен дел на населението. Се знае за следниве родови: Ѓуровци (3 к.), Зенговци (2 к.) и Црничани (1 к.), кои живеат во Ношпал; Паламидовци (4 к.) и Мајсторовски (4 к.), живеат во селото Логоварди; Млазникашовци (2 к.) и Џоџевци (4 к.), живеат во селото Новаци; Долевци (7 к.), живеат во соседното село Путурус; Ќосевци (6 к.), живеат во селото Дедебалци; Ајдеровци (2 к.), живеат во Радобор; Капларци (1 к.), живеат во Жабјани, Битолско; Кожевци (2 к.), живеат во селото Кравари; Трајанови (1 к.), живеат во Мојно; Илијевци (1 к.), живеат во Горна Чарлија и Вељановци (1 к.) живеат во Драгарино.[4]

Од селото, исто така, има иселени во градовите Битола, Скопје и Прилеп, но и во прекуокеанските и европските земји.[2]

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads