Руско-турска војна (1828-1829)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Руско-турска војна (1828-1829)
Remove ads

Руско-турската војна (1828-1829) претставува дел од Грчката војна за независност. Војната од страна на Османлиското Царство била објавена во декември 1827 година, прогласувајќи света војна против Руската Империја. Војната се водела на два фронта, на Балканот и Кавказ.

Кратки факти Руско-турска војна, Датум ...
Remove ads

Позадина

Во 1821 година, Грците започнале востание против османската власт, барајќи независност. Русија, како заштитник на православните христијани во Османската Империја, имала интерес да го поддржи ова движење. Востанието создало дипломатски и воени тензии, особено по интервенцијата на европските сили (Русија, Велика Британија и Франција) во Битката кај Наварино (1827), каде османската флота била уништена.

Руската Империја, предводена од цар Николај I, сакала да го прошири своето влијание на Балканот и во регионот на Кавказот. Ослабувањето на Османската Империја било стратешка цел за Русија, која сакала да обезбеди контрола над Црното Море и пристап до Цариград и Дарданелите.

Во 1826 год. Русија и Османската Империја потпишале договор во Акерман, со кој Османлиите се обврзале да им дадат автономија на Дунавските кнежевства (Молдавија и Влашка) и да ги почитуваат руските интереси во регионот. Откако султан Махмуд II го отфрлил договорот, Русија добила повод за војна. Европските сили, особено Велика Британија и Франција, биле загрижени за руското влијание, но истовремено поддржувале ограничена автономија за Грција. Ова создало сложена дипломатска ситуација, во која Русија видела можност да дејствува самостојно.

Remove ads

Балкански фронт

Thumb
Преминувањето на руската војска низ Балкан планина

Воените дејства започнале во 1828 година кога руската армија со околу 100.000 војници ја преминала Добруџа и ги опседнала градовите Шумен, Варна и Силистра. Кон крајот на септември, Русите ја зазеле Варна.

Во 1829 година, руските сили, предводени од генералот Иван Дибич, започнале нова офанзива. Тие ја зазеле Силистра и продолжиле кон југ, заземајќи ги градовите Бургас и Јамбол. Одлучувачка била Битката кај Кулевча (јуни 1829), каде руските сили постигнале голема победа над османската армија. Ова овозможило напредување кон Одрин, кој паднал во август 1829 година.

Remove ads

Кавкаски фронт

На Кавкаскиот фронт, руските сили, предводени од генералот Иван Паскевич, постигнале значителни успеси. Тие ги зазеле градовите Карс, Ахалцихе и Ерзурум, проширувајќи го руското влијание во регионот.

Османските сили биле слабо организирани на овој фронт, што им овозможило на Русите да постигнат брзи победи.

Одрински договор

Thumb
Московската триумфална капија изградена во чест на победата во руско-турската војна

Војната завршила со потпишување на договор во Едрене според кој:

  • Грција добила независност, но била задолжена да плаќа данок на султанот (во 1830 година била ослободена од данок и прогласила независност)
  • биле потврдени руските граници по текот на Дунав и Кавказ
  • Србија, Влашка и Молдавија добиле автономија
  • бил даден рок на 18 месеци според кој христијаните во Османлиската импетија имале право да ги продадат своите имоти и да се преселат во Русија.
Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads