Руј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Руј ( латински: Cotinus) е род на листопадни дрвенести растенија. Вклучува 2 современи вида, еден евроазиски () и еден северноамерикански (). Името на родот потекнува од грчкиот збор, кој во Теофраст е името на дивата маслинка [1].
Претходно, овој род на растенија бил класифициран во сроден род.
Remove ads
Опис
Растенијата од овој род се животни форми на дрвја или грмушки до 7 (евроазиски руј) односно 12 (американски руј). Кореновиот систем е одлично развиен, така што обезбедува заштита од ерозија, делувајќи како арматура. Кората ја менува бојата од зелена во сива и кафеава со лушпи аналогни на стареењето. Младите ластари содржат големи леќи. Пупките се во црвеникава боја, спирално распоредени.[2] Листовите се цели, кружни, со рамен раб, долг 3–13 см, сместени се на дршките, спирално распоредени, а нерватурата е јасно видлива на задната страна од листовите. Бојата на лисјата во есен е црвена.[2] Цветовите се ситни, со големина до 3, петчлени, со жолтеникава боја, соберени во метличести цветови со големина до 30. Руј содржи пет чашести и пет крунести листенца. Во цветот има и стерилни цветови, со влакна на нивните цветни дршки (оттука и замаглениот изглед на цветот). Растенијата се еднодомни, понекогаш дводомни [1]. Плодот е сув, со ситна јатка која содржи едно семе а на која се задржуваат листовите од чашката. Плодот созрева во периодот од мај до јуни.
Remove ads
Распространетост
Ова растение на домородно на подрачјето на Јужна Европа, како и во Централна и Западна Азија. Често е на отворени и потопли живеалишта. Најчесто може да се најде во листопадни шуми до 1.600 м.[2]
Расејување и размножување
Се расејува со ветер и инсекти. Размножувањето се врши со семиња или со вегетативни делови од растението.
Одгледување
Видовите од овој род, особено е евроазискиот руј, честопати се користени како украсни грмушки. Одгледани се голем број сорти, од кои некои се од хибридно потекло (се создадени со вкрстување на два вида руј).
Употреба
Листовите на евроазискиот руј содржат околу 30% танин и се користеле како антисептик и астрингент [3]. Плодот е отровен, консумирањето доведува до дијареа и повраќање.[2] Од дрвото и листовите се добива боја за кожа, волна и свила [1]. Дрвото се користи во столарство.
Галерија
- Cotinus coggygria, цвет
- Cotinus coggygria, цвет
- Cotinus coggygria, цвет
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads