Р’нковце

село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia

Р’нковцеmap
Remove ads

Р’нковце или Р’нковци (албански: Hërkoc/Orkoc) — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е сместено западните делови на Скопска Црна Гора, недалеку од патот од Липково кон Липковското Езеро. Лежи во планински предел, на надморска височина од 780 м, а атарот зафаќа површина од 2,8 км2.[2]

Историја

На крајот од XIX век Р’нковце било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Хрнковци (Хрънковци) се состоело од 50 Арнаути муслимани и 50 Роми.[3]

Стопанство

Според податок од 1998 г. Р’нковце располага со 199 ха шуми и 47 ха обработливо земјиште.[2]

Демографија

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[4]

Селото доживеало двоен пораст во првите децении на XX век. Според пописите од 1953 и 1961 г. огромен дел од жителите на Р’нковце биле Турци.[5] Ова се сменило во текот на 1960-тите кога Турците се иселиле, а на нивно место дошле голем број Албанци. Така, од вкупно 201 жител во 1971 г. имало 17 Турци, 3 Македонци, а останатите биле Албанци. Во наредните пописни години во ’Рнковце живееле исклучиво Албанци, а населението покажува неколкукратен пад.

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 21 жител, сите Албанци.

Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]

Родови

Р’нковце денес е албанско село

Според податоците од 1941 година, родови во селото се:[10]

  • Доселеници: Селманови (10 к.), Аметови (9 к.) и Данови (7 к.) потекнуваат од фисот Бериша. Овде се доселиле од местото Чаје во северна Албанија. Предците на овие родови биле блиски роднини.
Remove ads

Општествени установи

  • Основно училиште

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads