SARS-CoV-2

From Wikipedia, the free encyclopedia

SARS-CoV-2
Remove ads

SARS-CoV-2 (англиски: Severe acute respiratory syndrome coronavirus 2, во превод: Тежок остар дишен синдром коронавирус 2) — заразен вирус што ја предизвикува острата дишна болест КОВИД-19.[1] Овој вирус е причинител за пандемијата од новиот коронавирус. Геномското секвенцирање покажало дека тој е позитивен, едноланчен РНК-коронавирус.[2]

Кратки факти Тежок остар дишен синдром коронавирус 2, Научна класификација ...

Многуте претходни случаи биле поврзани со големиот пазар на морски плодови и животни во Вухан, Кина, а се смета дека вирусот има животинско потекло. Следењето на генетските секвенци на овој вирус и другите примероци на вируси покажало сличност со SARS-CoV (79,5 %) и коронавирус на лилјаци (96 %).[3] Поради тоа се смета дека потеклото на вирусот најверојатно доаѓа од лилјаци,[4][5] иако и потеклото од ракови не е исклучено.[6]

Како би се избегнала забуна со болеста SARS, Светската здравствена организација во својте јавни изјави го нарекува вирусот како "вирус кој ја предизвикал болеста COVID-19".[7]

Remove ads

Вирологија

Преносот од човек на човек е потврден во текот на пандемијата на новиот коронавирус SARS-CoV-2.[8] Се пренесува преку дишни капки од кашлање во распон од околу 1,8 м.[9][10] Заразата може да се пренесе и индиректно преку загадени површини.[11]

Исто така е можна и зараза во текот на инкубацискиот период на вирусот, но тоа сè уште не е докажано во потполност,[12] така што таквата врста на пренесување не е распространета, и инфекциите се во целост последица на пренесување на вирусот од пациенти што имаат вистински симптоми на болеста COVID-19.

Remove ads

Галерија

Електорнски микрографи на SARS-CoV-2

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads