СУГС „Никола Карев“ - Скопје

From Wikipedia, the free encyclopedia

СУГС „Никола Карев“ - Скопје
Remove ads

СУГС „Никола Карев“ (целосно име: Средно училиште на Град Скопје „Никола Карев“) — средно училиште во Скопје, Општина Карпош.

Кратки факти

Од 2005 година ,,Никола Карев”-Скопје, работи како средно училиште на Градот Скопје и од називот ДСУ(државно средно училиште) преминува во СУГС(средно училиште на град Скопје) со гимназиско образование од природно-математичко, општествено-хуманистичко и јазично – уметничко подрачје.

Remove ads

Основање и развој

На почетокот од 1944 до 1963 година, школата функционирала како учителска школа, од 1963 до 1967 година била Педагошка гимназија, на 31.08.1970 година станува Гимназија.

Подоцна, од 1982 до 1989 година функционира како училиште со биотехнолошка насока, од 1989 до 1991 година е природно-математичка гимназија, за да потоа го стекне називот државно средно училиште, гимназија ,,Никола Карев”. Во 2001 година, со решението на Министерството за образование и наука на Република Македонија, сите гимназии во земјава почнуваат да работат по новата програма за реформирано гимназиско образование.

Thumb
Еко градина во гимназијата
Remove ads

Учителска школа

Првите никулци на учителската школа се уште пред 110 години. Во далечната 1894 година е отворена Српската гимназија во Скопје во која има и учителски паралелки, а во 1903 година се отвора учителската школа во Скопје. Во 1913 година учителската школа која дотогаш работи во приватни згради , е преселена во зградата наречена Идадија. Наскоро зградата е претворена во болница, а школата е преселена во Призрен. По пренесувањето на Српската школа во Призрен 1915 година, во Македонија работеле две учителски школи, во Скопје и во Прилеп. Од 1928 до 1941 работи една единствена учителска школа и тоа во зградата на Идадија. Од податоците се гледа дека од учителската школа во Скопје од нејзиното формирање па до 1941 година излегле 37 генерации учители.

Во нашата земја 1944/45 година додека сè уште се водат последните борби за конечно ослободување во ослободеното Скопје, веднаш се пристапи кон отворање на школи. Посебно место во изградбата на нашата национална култура и јазик секако заземаат учителските школи. Нивното значење е толку поголемо , што за првпат младите луѓе можеа да се оспособуваат слободно да се учат за ширење на просветата на свој мајчин јазик. Меѓу првите школи во ослободената земја е основана и учителската школа во Скопје.

Првата школа за народни учители, односно Учителската школа на македонски јазик ,,Никола Карев” е формирана во декември 1944 година, а непосредно по завршувањето на НОБ, со решение на Президиумот на АСНОМ на Народна Република Македонија. Со ова решение наставата почнува да се одвива на македонски јазик, кој дотогаш е непризнаен и забрануван. Школата својата настава ја започнува во февруари 1945, а првите наставни планови и програми се донесени во декември 1945 година.

Thumb
Родната куќа на Никола Карев

Во првата учителска школа на македонски јазик ,,Никола Карев” која делува како педагошки центар, се запишани 317 ученици во 9 паралелки, а наставата ја изведуваат 13 наставници. Оваа школа по пат на редовно школување ја имаат завршено 2450 учители, а по пат на семинари и курсеви завршиле 1190 учители кои сите заедно се вклучиле во просветување на младите генерации во Македонија. Првата учителска школа работи во период од 19 години, и тоа од 1945 до 1963 година. Отворањето на учителската школа е важен настан за Македонија и македонскиот народ. За првпат во својата историја македонскиот народ се здобива со правото во својата учителска школа наставата да ја изведува на својот мајчин јазик и во својата школа да образува свои народни учители. Оваа учителска школа својата редовна настава ја започнува во февруари 1945 година, а за прв директор на школата е назначен Илија Панов. Наставата се одвиваше по времен наставен план изработен од наставничкиот колегиум во трговската школа, бидејќи зградата на учителската школа е времено употребувана за воени цели. При школата школата постоеше и интернат поради фактот што во школата учеа ученици од целата територија на Македонија. Директорот на школата во исто време беше и управител на интернатот, а додека некои од наставниците работеа и како воспитувачи. Интернатот во прво време се наоѓал во зградата на трговската школа, а при крајот на учебната 1945/46 година е преместен заедно со школата во зградата на учителската школа. Во тоа време учителската школа нема вежбална, а предвидената настава се организира и одржува во некои одделенија на осмолетките ,,Гоце Делчев”, ,,Kлимент Охридски”, а подоцна и ,,Његош”, под раководство на училишниот методичар.

Веднаш по формирањето на учителската школа е отворен и интернатот. На 1 март 1945 година, 244 ученици го започнале својот интернатски живот во многу тешки услови. Учителската школа Учителската школа ,,Никола Карев” има вежбална, формирана 1949/50 година, која претставува место каде идните учители се учеле, калеле и воспитувале во самопрегорната и возвишената учителска работа. Исто така вежбалната претставува место за проверување, утврдување и продлабочување на она знаење што се добило во учителската школа со теоретска настава. Учениците под раководство на педагозите (методичари и учители од вежбалната), вршат обид за примена на наставните принципи и методи, се учат да го следат воспитно-образовниот процес во наставата, како во училиштето-вежбалната, така и надвор од него, се оспособуваат да можат да ја организираат наставно воспитната работа спрема условите со цел да формираат сестрана образовна личност.

Уште во учебната 1948/49 година во учителската школа, се формирани првите албански паралелки, кои подоцна прераснаа во самостојна Албанска учителска школа ,,Зеф Љуш Марку”. Во учебната 1951/52 година, отворени се и турски паралелки кои работат во состав на школата и постојат до укинувањето на учителските школи во Република Македонија.

По катастрофалниот земјотрес кој го потресе Скопје истото лето, на 26 јули 1963 година, целосно беа онеспособени училишните згради за работа, а беа и оштетени голем дел од инвентарот и училните. Зградите на учителската школа подоцна се одлука на Собранието на општината Идадија се срушени, а во дворот на школата се изградени бараки за општинските канцеларии на Собранието на општина Идадија, така што учителската школа ,,Никола Карев” остана без сопствените простории.

Remove ads

Учество на натпревари

Освоени награди

  • Во конкурсот „Новогодишни бои на Скопје“ 2015/16 организиран од страна на град Скопје гимназијата освои прво место за најдобро украсен училиштен двор.
  • Во категорија „најубав состав на тема екологија“ - организирана од страна на град Скопје доделени беа наградите за достигнувања во областа на заштита на животната средина за 2009 година комисијата го награди Ѓорги Стојков за составот „Две илјади и педесеттата“ ученик од III год.
  • Најзаслужна јавна установа која за придонес на полето на заштитата на животната средина, доделена од Град Скопје на светскиот ден на екологијата, во 2013 година и со тоа училиштето го добило и називот „Еко училиште“.
  • Награда „13 Ноември“ за 2023 година, за освоеното прво место на Европското првенство во кошарка за средношколци 2023 година.[1]
Remove ads

Директори на Никола Карев од 1944 до денес

  • Ристо Проданов – 1944 - 1945 ж
  • Илија Панов – 1945 (од февруари до октомври)
  • Ристо Проданов – директор 1945 – 1947
  • Лазар Тониќ – 1947 – 1949
  • Наталија Димиќ – 1949 – 1950
  • Александар Кузмановски – 1950 - 1951
  • Коле Поповски – 1951 - 1962
  • Александар Арсовски – 1963 - 1972
  • Никола Куциновски – директор 1972 - 1976
  • Војче Ристовски – директор 1976 - 2000
  • Трајче Георгиевски – директор 2002
  • Димко Попоски – в.д. директор 2002 – 2003
  • Горица Илијоска – директор од 2003 до декември 2010
  • Мери Јанева – в.д. директор од декември 2010 до јуни 2011
  • Елизабета Марковска Ставревска – директор од јуни 2011 до 2018
  • Горица Илијоска – директор од 2018 до декември 2019[2]
  • Тодор Пачаџиев – директор од почеток на 2020 до летото 2020
  • Андреј Манолев – од есента 2020 - сè уште[3]
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads