СУ „Гоце Делчев“ - Валандово

From Wikipedia, the free encyclopedia

СУ „Гоце Делчев“ - Валандово
Remove ads

СОУ „Гоце Делчев“ — средно училиште во Валандово, Општина Валандово[1].

Кратки факти

Основање и развој

Училиштето започнува со работа во 1959/60 година како земјоделско училиште „Каме Почлизов“. Подоцна во 1972/73 година во училиштето се воведуваат и гимназиски паралелки со што станува училишет центар на средно образование. Во 1991 година, училишната зграда беше реновирана и беше дограден нов дел.

Денеска во училиштето покрај гимназиска насока, егзистира и земјоделско-ветеринарната стука – образовни профили лозаро-винарски техничар и техничат за фармерско производство. Во гимназиското образование, учениците се определуваат на едно од следниве две подрачја: општествено-хуманистичкото и природно-математикчкото подрачје. Наставата во училиштето се изведува во современо опремени кабинети со компјутер за секој ученик. Образовната практика учениците од земјоделско-ветеринарната струка ја изведуваат на површините од училишната економја. Во рамките на училишната економија училиштето располага со 1,5 хектари лозов насад, 6 хектари житарица, 0,5 хектари пченка, 0,5 хектари насад со јапонско јаболко, 0,5 хектари калинки како и други необработливи површини. Располага и со земјоделска механизација за практична обука и обработка на површините како и со винарија за преработка на грозје.

Remove ads

Учество на натпревари

Училиштето редовно секоја година учествува на многу натпревари.

Познати личности кои предавале во ова училиште

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads