Самоанци

From Wikipedia, the free encyclopedia

Самоанци
Remove ads

Самоанците се полинезиски народ кој живее воглавно на Самоанските Острови. Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик, но добар дел од народот е двојазичен бидејќи англискиот е доста застапен на островите. Поради политичко-историски околности, татковината на Самоанците е поделена меѓу независната држава Самоа и американската територија Американска Самоа.

Кратки факти Вкупен број, Подрачја со значајно население ...
Remove ads

Во Самоа има околу 188.000 Самоанци според податоците од 2006.[6] Голем дел од Самоанците живеат надвор од Самоа, воглавно во Нов Зеланд (115.000 во 2001)[7] и Австралија (39,992 во 2006)[8]

Remove ads

Јазик

Мајчин јазик на Самоанците е самоанскиот јазик. Во светот се проценува дека има околу 370.00о самоански говорници, од кои 69% од нив живеат на Самоанските Острови. Во дијаспората, самоанскиот јазик се зборува во Нов Зеланд каде според пописот од 2006 година биле забележани 95,428 луѓе што зборуваат самоански, а имало 141,103 Самоанци. Така, од сите Самоанци во Нов Зеланд, 70.5 % можат да зборуваат самоански, што го прави јазикот четврт најзборуван во државата веднаш зад англиски, маорски и кинески. 66.4 % од Самоанците живеат во Окленд. Според пописот на Австралија од 2006 година, во државата имало 38,525 говорници на самоански, но имало 39,992 Самоанци.

Remove ads

Наводи

Loading content...

Поврзано

Надворешни врски

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads