Садилка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Садилка[1][2] или садило[3][4] — зашилено дрвено колче за правење дупки во земјата за да можат да се садат семиња, садници или мали луковици. Садилките ги има во разни облици, како права садилка, садилка со Т-рачка, садилка со лопатка и садилка во облик на L.

Историја
Садилката за прв пат е забележана во римско време и оттогаш останала претежно непроменета. Во осумнаесеттиот и деветнаесеттиот век, земјоделците користеле метални или дрвени садилки со долги рачки за садење култури. Едно лице оди со садилка и прави дупки, а второ лице става семе во секоја дупка и ќе ја пополнува со земја. Дури во времето на ренесансата, садилките станале производствен предмет, некои изработени од железо за пробивање во тврди почви и глина.
Remove ads
Права садилка
Ова е класична садилка. Тоа е сè, од изострен стап до покомплициран модел со закривена рачка и зашилен челичен крај. Може да биде направен од дрво, челик или пластика.
Садилка со Т-рачка
Оваа садилка е многу слична на класичната, но со Т-рачка што се вклопува во дланката за полесно да се примени вртежниот момент. Ова му овозможува на корисникот да врши рамномерен притисок, создавајќи конзистентна длабочина на дупката.
Современи садилки
Должината на современите садилки е 26–30 см, врвот често им е со метална навлака, а Т-рачката симетрична или од едната страна поделбела и подолга. Јасеновото дрво е најдобро за садилки, а Т-рачката може да биде и од пластика.
Наводи
Литература
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads