Сакар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сакар (бугарски: Сакар) е ниска планина во југоисточна Бугарија сместена меѓу реките Марица, Тунџа, Соколица и Сазлијка. Планината е куполообразна, а највисоката точка и е врв Вишеград (856 м).
Remove ads
Географија
Долговатата купола на Сакар се протега од северозапад на југоисток, како должината на планината е околу 40 km, а широчината и е 12–15 km. Планината е со заоблени црти, во северозападниот крај е висока 600-700 м. Билото и е означено од рамни врвови. Највисокиот врв на Сакар е Вишеград (856 м). Во јужна насока планината ја намалува височината и постепено преминува кон долините на реките Марица и Тунџа. Западните и источните падини се релативно големи, спуштаат се постепено кон долинните кои се исечени од густа долинна мрежа, која во поголем дел од годината е сиромашна на вода. Силно развиени се ерозионните процеси, особено во југозападните падини на Сакар.
Во Сакар живеат многу птици грабливки кои се на изумирање. Тоа го прави планината важно место за екологијата и заштитата на бугарската флора и фауна.[1]
Remove ads
Знаменитости
Најголемите културно-историски знаменитости во реонот на Сакар се мегалитните споменици од 2 милениум п.н.е - долмените, Устремскиот манастир „Св. Троица“, познат и со името Хајдушки, бидејќи изградбата му е поврзана со Инџе војвода и Кара Кољу, споменик на културата, тврдината Маточина и билзките до неа две карпести цркви од 10 век, светилиштето тврдина Палеокастро, војнички споменик на убиените во Балканската војна на врв В‘лчата тврдина.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads