Самбра

река во Франција и Белгија From Wikipedia, the free encyclopedia

Самбраmap
Remove ads

Самбра (француски: Sambre, Самбр) — река во северна Франција и Валонија, Белгија. Таа е лева притока на поголемат арека Меза, во која се влева во градот Намир.

Кратки факти Самбра, Изворно име ...

Реката извира кај Ле Нувион во Тјераш во департманот Ена, Франција. Минува низ француско-белгиското јагленарско подрачје, кое некогаш било од голема индустриска важност. Пловноста почнува од Ландреси во раскрсницата со каналот кон Оаза, кој го поврзува со централната речна сообраќајна мрежа на Франција (барем пред структурните пореметувања во 2006 г.).[1] Тече во должина од 54 км и минува низ 9 преводници со димензии од 38,5 × 5,2 м сè до белгиската граница кај Жемон. Почнувајќи од границата, Самбра е канализирана во два посебни потега долж 88 км, и има 17 преводници. Потегот Горна Самбра е долг 39 км и има 10 преводници со иста големина како француските, и оди до индуструскиот град Шарлероа. Остатокот од течението во Белгија е надограден на европска класа IV (товарни пловила до 1.350 тони) непосредно по Втората светска војна. Лежи во западниот крај на Индустриската бразда (Sillon industriel), која и денес претставува срцевината на индустријата во Валонија, и покрај целосното замирање на јагленарството и челичарството. Го достигнува градот Намир и се влева во Меза, која пак самата завршува во Северното Море.

Пловните делови во Франција се под надлежност на управата Водни патишта на Франција, а со оние во Белгија раководи Јавната служба на Валонија во рамките на Генералната оперативна дирекција за внатрешни водни патишта[2]

Remove ads

Течение

Самбра тече низ следниве градови и гратчиња во Франција и Белгија, наведени според матичните департмани и покраини:

Франција Ена: Барзи во Тјераш
Франција Север: Ландреси, Олноа-Емери, Отмон, Мобеж
Белгија Ено: Тиен, Монтињи ле Тијел, Шарлероа
БелгијаНамир: Флореф, Намир

Поважни притоки

Реката Самбра ги има следниве поважни притоки:[3]

  • Мал Елп
  • Голем Елп
  • О Дер (кај истоим. езера)
  • Ант
  • Тира
  • Бјемел
  • Тирија
  • О Див
  • Пјетон, северна притока (кај Шарлероа).[4]
  • Анзин (кај Шатле)
  • Бјем Дезо
  • Орно
  • Лињ
  • О Депе
  • Фоски Поток
  • Солтра[5]

Занимливости

  • Во реката се самоубила мајка му на познатиот надералистички сликар Рене Магрит, фрлајќи се во нејзините води.
  • Во Првата светска војна крај реката се одвивале низа тешки борби. Од нив се издвојуваат Битката кај Шарлероа (1914) и Битката на Самбра, во последните месеци од војната (1918).

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads