Пикардија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Пикардија (француски: Picardie, француски изговор: [pikaʁdi]) е еден од поранешните региони на Франција, сместен во северниот дел на земјата.
Remove ads
Историја
Историската провинција Пикардија се протегала северно од Ноајон до Кале, низ целиот департман Сона и северно од департманот Ена. Провинцијата Артоа (областа Арас) ја делела Пикардија од Француска Фландрија.
Денес, современиот регион Пикардија не го вклучува брегот од Берк до Кале, преку Булоња (Булоне), кој денес е во регионот Север-Па де Кале, но ги вклучува краевите (pays) Бовези, Валоа, Ноајон, Лан, Соасоне, Омоа на југ од департманите Ен и Оаза.
Remove ads
Географија

Пикардија се протега од долгите песочни брегови на устието на Сома на запад до пространите шуми и пасишта на исток и надолу кон замоците на Шантији или Пјерфон близу до париското подрачје и на југ сè до виноградите на границата со Шампања (Champagne picarde). Регионот се состои од 4 департмани:
Култура
Пикардското културно наследство вклучува некои од најубавите готски цркви (Катедралите во Амјен и Буве), изразена локална гастрономија (ficelle picarde, flamiche aux poireaux, tarte au maroilles), пиво и традиционални игри и спортови како longue paume (претходникот на тенисот), како и пикардските танци.
Демографија
Според пописите помеѓу 1990 и 1999, населението на Оаза се зголемувало за 0,61% годишно (речиси двојно побрзо од Франција во целина) додека департманот Ена бележи намалување на населението додека пак во Сома сосем малку било во пораст (за 0,16% годишно). Денес, 41,3% од популацијата на Пикардија живее во департманот Оаза.
Администрација
Претседател на Регионалниот совет е Клод Геверк, припадник на социјалистите кој е на истата функција од 2004. Од 2008, градоначалник на градот Амјен, главен град на регионот, е социјалистот Жил Демеји.
Поголеми градови
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads