Самоил (село)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Самоил (бугарски: Самуил) — село во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Самоил во Разградската Област. Има население од околу 1.527 жители (2022).[1]
Remove ads
Географија
Селото се наоѓа на Лудогорската Висорамнина среде Самоиловите Височини. Тоа е важен железнички јазол.
Историја
Старото име на селото било Ашиклар или ’ш’клар по турски. Во периодот од 1866 до 1867 година со изградбата на железничката линија на правецот Варна — Русе, малата населба Ашиклар станала станица од големо значење за околината. По Ослободувањето на Бугарија во селото се населиле и Бугари. Во 1934 година со министерска наредба селото било преименувано во Самоил.[2]
Во 1948 година започнала изградбата на првата „републиканска железница“, за градовите Исперих, Дулово и Силистра (првично била изградена само до Дулово, подоцна со текот на времето била проширена до Силистра), што дополнително го зајакнало значењето на селото Самоил за реонот и неговиот економски развој. Така, блиските села Хрсово, Гољама Вода и Богданци имаат постојки на новоизградената железничка линија, а тука патниците можат да се поврзат со возови во сите три правци Силистра, Варна и Русе.
Remove ads
Културни и природни обележја
- Статуата на цар Самоил во чест на кого е именувано селото, која се наоѓа во центарот во близина на железничката станица.
- Шумата „Колчакова Корија“
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads