Самоков (Правишко)

село во Правишко, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Самоков (Правишко)map
Remove ads

Самоков или Самоково[2] (грчки: Δωμάτια, Доматија; до 1926 г. Σαμάκοβο, Самаково[3]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 457 жители.

Кратки факти Самоков Δωμάτια, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото е сместено во јужното подножје на планината Кушница, крај државниот пат ЕО2. Низ неговиот источен дел тече реката Самоковина (Самаковико или Гурунонеро), а низ западниот друг поток, обете десни притоки на Лаџа.[4] Во Самоков има зачувано шест камени моста — Камбуревиот,[5] Киранскиот[6] и Кајнакидевиот[7] на западната рекичка и Тутуневиот,[8] Горниот плоштаден[9] и Долниот плоштаден мост на Самоковина.[10] Шесте мостови во 1990 г. се прогласени за споменици на културата.[11]

Remove ads

Историја

Потекло на името

Името потекнува од старинскиот мануфактурен погон за ковање на железо наречен самоков (од „сам“ и „кова“).

Во Отоманското Царство

Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Самоков:

Самоков, мухамеданско село; 1 џамија, 1 мухамеданско училиште, жителите Македонци-муслимани[12] се занимаваат со земјоделство и одгледување на тутун. Оддалечен е 3 часа од градот.[13]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самоков (Самоковъ) било „турско“ село. Во него живееле 1000 Турци, но забележува дека населението веројатно е мешавина од Македонци-муслимани и Коњари[12], што е својствено и за некои други села во околината.[14]

Во Грција

Во 1913 г. селото влегло во состав на Гриција како последица од Втората балканска војна. Таа година броело 843 жители.[2] Истата 1913 г. 21 муслиман од селото е погубен од групата на Милтијад Малхопулос, припадник на бандата на Миријакос Михаил, откако најпрвин им украле 1500 турски лири. Едно складиште во селото е ограбено, при што стоката била во вредност од 1500 турски лири, а вкупната количина на средства украдени од селото изнесувала 7000 лири.[15]

Во 1920 г. населението бележи пад, кога во Самоков се попишани 663 лица.[2] Во 1923 г. жителите на Самоков се иселени во Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Доматија.[16] До 1928 г. во Самоков се доселени 200 грчки семејства од Турција сочинети од 800 лица[17] (903 според Тодор Симовски)[2]

Во прво време бројот на жители бил стабилен, но со време тој се преполовил поради иселувањето во поголемите градови.[2]

Remove ads

Население

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Цркви

  • Св. Константин и Елена“ — главна селска црква
  • „Св. Лука“ — параклис
  • Црквичка

Месности

Повеќе информации Име, Грчки ...

Личности

Родени во Самоков
  • Периклис Кириакидис (Περικλής Κυριακίδης) — андартски деец, агент од трети ред[19]

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads