Санде Смилевски
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санде Ванчев Смилевски (прекар: Цане; 1924 во Строиманци — 30 декември 1944 во Гнилане) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОБ.[1]
Животопис
Санде бил неписмен и крајно беден, што го принудило уште од детските години да доаѓа во село Секулица, Кратовско, каде бил ценет за момок, а подоцна се оженил и останал да живее во селото. Во Секулица и околината, често делувале партизански единици што придонело, да се запознае со движењето и станал симпатизер на истото. Во септември 1944 година, заедно со уште многу младинци од селото, тој стапил во редовите на НОВ. Учествувал во многу борби што ги водела неговата единица до конечното ослободување на Македонија. Тој со единицата преминал на теренот околу Гнилане и земал учество во уништувањето на остатокот од балистичките банди. Загинал во една борба против балистите, на 30 декември 1944 година. Зад себе оставил едно дете сирак.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads