Санди Казар
француски велосипедист From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санди Казар (француски: Sandy Casar, р. 2 февруари 1979 во Мант ла Жоли) — поранешен француски професионален друмски велосипедист, кој настапувал професионално помеѓу 2000 и 2013 година, цело време со екипата Франсес де же.[1] Негови најголеми достигнувања биле трите етапи на Тур де Франс, како и освојувањето на трките Рут ду Суд во 2005 и Париз-Камемберт во 2011 година.
Remove ads
Кариера
Касар станал професионалец во 2000 година откако возел за Жан Флош-Мант како аматер. Талентот на Касар бил откриен на Париз-Ница 2002, кога завршил на второто место на 23 години. Завршил како 13. на Џиро д’Италија 2003, пред искачувачот Марко Пантани. Првата победа му била на етапа на Тур де Свис 2003. Потоа, завршил на 16. место на Тур де Франс 2004 и на 6. место на Џиро д’Италија 2006, 25 минути зад победникот Иван Басо. Касар исто така победил на Рут ду Суд во 2005 година.
На 27 јули 2007 ја освоил првата етапа на Тур де Франс, победувајќи ги Лорен Лефевр, Аксел Меркс и Михаел Богерд во спринтот по падот поради куче претходно на етапата. Завршил на 14. место на Тур де Франс 2008.
Во 2009, Касар завршил втор на 16. етапа на Тур де Франс 2009. Етапата 16 била првично освоена од Микел Астарлоса, меѓутоа, Астарлоса бил позитивен по трката на ЕПО.[2] Организаторите му ја одзеле етапната победа и му ја доделиле на Касар.[3] Подоцна, Касар завршил на 11. место во генералниот пласман.
Во 2010, Касар ја освоил деветтата етапа на Тур де Франс 2010, откако бил дел од долгото бегство, кое преминало преку бројни категоризирани искачувања, вклучувајќи го Кол де ла Мадлен. Бегството останало на само четири члена на спустот по искачувањето и било достигнато во последниот километар од Енди Шлек и Алберто Контадор, кои се одвоиле од главната група на Мадлен. Касар го освоил нагорниот спринт за престижна победа на една од најтешките етапи на тој Тур.[4] Во 2011 го освоил класикот Париз-Камемберт, повторно како член на долго бегствот. Се обидел да избега на искачувањето близу крајот, но бил достигнат од четворица возачи. Сепак успеал да ги претекне во спринтот, освојувајќи ја победата на патиштата на неговата младост.[5]
На 6 септември 2013, Касар објавил дека се повлекува од велосипедизмот.[6][7]
Remove ads
Достигнувања
- 2000
- 5. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2001
- 7. Трофе де Гримперс
- 8. Тур ду Хаут Вар
- 2002
- 1. Етапа 4 Сиркут Франко-Белж
- 2. Краен пласман Париз-Ница
- 1. Пласман за млад возач
- 3. Париз-Камемберг за млади
- 10. Трофе де Гримперс
- 2003
- 1. Етапа 4 Тур де Свис
- 2. ГП Ле Телеграм
- 4. Париз-Камемберт за млади
- 7. Рут Адели
- 2004
- 1. Етапа 2 Тур ду Поату Шарент ет де ла Виен
- 2. Краен пласман Рут ду Суд
- 3. Дуо Норман (со Карлоз да Круз)
- 4. Париз-Камемберт за млади
- 8. Краен пласман Тур ду Лангдок-Русијон
- 8. Краен пласман Сиркут де ла Сарт
- 2005
- 1. Краен пласман Рут ду Суд
- 3. Париз-Камемберт за млади
- 5. ГП д’Увертир ла Марселеза
- 6. Краен пласман ГП Интернасионал Паредес Рота дос Мовеис
- 2006
- 5. Краен пласман Рут ду Суд
- 6. Краен пласман Џиро д’Италија
- 2007
- 1. Етапа 18 Тур де Франс
- 2008
- 3. Полинорманд
- 6. Краен пласман Тур де Романди
- 8. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2009
- 1. Етапа 16 Тур де Франс
- 2010
- 1. Етапа 9 Тур де Франс
- 6. Краен пласман Трка околу Баскија
- 2011
- 1. Париз-Камемберт
- 3. Тур ду Финистер
- 5. Краен пласман Рут ду Суд
- 2012
- 4. Краен пласман Трка околу Оман
Распоред на резултатите на Гранд Тур
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads