Генерален пласман на Џиро д’Италија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Генералниот пласман на Џиро д’Италија — најважниот пласман на Џиро д’Италија, што го одредува крајниот победник. Затоа се смета за поважен отколку другите пласмани како бодовниот или планинскиот пласман.
Од 1931, на предводникот во генералниот пласман му се доделува розова маичка (италијански: maglia rosa).[1]
На првите изданија на Џиро д’Италија се користел бодовниот систем за пресметка на генералниот пласман, но од 1914 се користи временскиот систем. Сите етапни резултати се собираат заедно, земајќи ги предвид временските бонуси за високите завршници и средните спринтови и временските казни за прекршување на правилата.
Розовата боја била избрана поради весникот La Gazzetta dello Sport, спортскиот весник кој го создал Џиро, кој се издавал на розова хартија. За според, предводникот на генералниот пласман на Тур де Франс е наградуван со жолта маичка, која првично потекнува од жолтата боја на весникот L'Auto, весник кој го создал Тур де Франс.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads