Санка
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санка[1][2] или сања[3][4] — спортска опрема или превозно средство наменето за движење по замрзнати или снежни површини. Санката е типично зимско превозно средство[5] кое може да се движи на различни начини, од влечење од некого, со помош на мотор или да се користи само за спуштање низ падини од спортско-рекреативни цели.


Историја и одлики

Санките имаат многу едноставна конструкција, тие всушност се две надолжни летвички (поврзани со попречни летвички), па затоа не им се потребни тркала за движење. Тие се многу стар изум и можно е да биле едно од првите превозни средства познати на луѓето.[5] Тие им биле познати и на Асирците и Старите Египќани, како што е прикажано на нивните релјефи, кои прикажуваат некои видови санки (всушност носила) што се користеле за влечење огромни статуи.[6]
Пронајдокот на тркалото и оската ги исфрлил санките од употреба во сите земји во светот, освен во оние со долги зими каде што санките останале практично средство кое се лизга по патот.[6]
Санките можат да ги влечат разни животни, но денес најчесто тоа се коњи и кучиња.[5] Алјаска и Канада се познати по трките со кучешки санки, иако тие сè повеќе се заменуваат со моторизирани санки. Руските тројки се познати санки што ги влечеле коњи.
Денес, постојат различни видови санки, направени од дрво, метал или пластика. Тие се повеќе или помалку поврзани со спорт или рекреација и се користат речиси исклучиво за спуштање низ падини, од најпознатите боб-санки до санки за едно лице што се користат за натпревари.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads