Тркало

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тркало
Remove ads

Тркало или коло — тркалезен предмет, односно предмет во облик на диск, кој е најважниот дел од повеќето средства за лесен пренос и превоз, поради малото триење при движењето.

Thumb
Тркало од раното железно доба, Национален музеј на Иран

Постар збор што се користел е коло, па оттаму потекнува зборот кола, како транспортно средство.

Механика

Thumb
Борна кола со мазги, Сумерска цивилизација, околу 2600 г. п.н.е.

Тркалото е споено со осовина на еден од двата начини: или осовината е неподвижна, а тркалото се врти или и осовината и тркалото се цврсто споени и заедно се вртат, а неподвижен е делот на возилото.

Како и да е, постои место каде што се спојуваат делот што се врти со неподвижниот дел. Тој дел се вика лежиште. Во тој дел се случува триењето и се создава силата на отпорот.

Remove ads

Историја на тркалото

Пронаоѓањето на тркалото се смета за едно од најважните достигнувања во развојот на човековата цивилизација. Многу истражувачи тврдат дека се појавило во 5. милениум п.н.е. и дека е поврзан со откривањето на грнчарското тркало, односно грнчарското колце.

Тркалото како тема во уметноста и во популарната култура

  • „Тркало што се врти“ (англиски: Spinning Wheel) — песна на американската џез-рок група Blood, Sweat and Tears од 1968 година.[1]
  • „Медицинско тркало“ (англиски: Medicine Wheel) — песна на британската рок-група Килинг џоук (Killing Joke) од 1996 година.[2]
  • „Огнени тркала“ (англиски: Wheels Of Fire) — албум на британската рок-група Крим (Cream) од 1968 година.[3]
  • „Химна за големото тркало“ (англиски: Hymn Of The Big Wheel) — песна на британската група Масив Атак (Massive Attack) од 1991 година.[4]
  • „Тркало“ (англиски: The Wheel) — албум на британската рок-музичарка ПJ Харви (PJ Harvey).[5]
  • „Тркала“ (англиски: Wheels) — песна на американската кантри-група The Flying Burrito Bros од 1969 година.[6]

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads