Санктпетербуршки државен универзитет

From Wikipedia, the free encyclopedia

Санктпетербуршки државен универзитет
Remove ads

Санктпетербуршки државен универзитет (руски: Санкт-Петербургский государственный университет, СПбГУ) — државен универзитет со седиште во Санкт Петербург, Русија. Тоа е најстариот и еден од најголемите универзитети во Русија.

Кратки факти Вид, Основан ...
Thumb
Санктпетербуршкиoт универзитет. Поглед од Исекиевскиот собор.

Основан е во 1724 година со декрет на Петар Велики, и универзитетот од самиот почеток имал силен фокус на основните истражувања во науката, инженерството и хуманистичките науки.

Универзитетот е составен од 24 специјализирани факултети (оддели) и институти, Академска гимназија, Медицински колеџ, Колеџ за физичка култура и спорт и економија и технологија. Универзитетот има два основни кампуса: еден на островот Василиевски и другиот во Петерхоф.

За време на советскиот период, тој бил познат како Ленинградски државен универзитет (руски: Ленинградский государственный университет). Во 1948 година бил преименуван по Андреј Жданов и официјално бил наречен Државен ленинградски универзитет, „А.А. Жданов“ и награден со Орден на Ленин и Орден на црвеното знаме на трудот“. А. Жданов бил отстранет во 1989 година, а Ленинград бил официјално преименуван Санкт Петербург во 1992 година, сепак украсувањето со ордените се задржало и одреден период потоа.

Remove ads

Углед и меѓународно рангирање

Санктпетербуршкиот државен универзитет е втор најдобар универзитет со повеќе факултети во Русија по државниот универзитет во Москва. На меѓународните рангирања, универзитетот бил рангиран на 240-то место[2] во 2013/2014 година, според рангирањето на QS, бил рангиран на 351-400-та позиција[3] и со тоа ги надминал останатите универзитети во Русија, со исклучок на Московскиот државен универзитет.

Универзитетот има репутација дека ја образовал мнозинството од руската политичка елита, вклучително и претседателите Владимир Путин и Димитриј Медведев. Двајцата студирале право на овој универзитет.

Универзитетот е најстариот универзитет во Русија, основан во 1724 година од Петар Велики, кој претходел на основањето на Државниот универзитет во Москва во 1755 година.[4][5]

Санктпетербуршкиoт универзитет е вклучен во сите рејтинзи и списоци на најдобрите универзитети во светот и е еден од лидерите во сите индикатори во Русија. 

Remove ads

Студентски живот

Стипендии

Над 30 стипендии и над 400 добитници. Вкупната сума на стипендии е до 15.000 рубли.

Студентите и студентите аспирантури на СПБУ можат да добијат стипендии доделени од фондот за донации на Универзитетот за поддршка на образованието и истражувањето. Универзитетот исто така има заеднички програми за стипендии со деловниот сектор и приватните фондови.

Спорт

Секоја година, над 5.000 студенти учествуваат на спортските натпревари во СПБУ. 300 студенти се членови на 19 тимови на СПБУ во 15 спортови.

15 студенти на СПБУ се членови на руските репрезентации.

СПБУ соработува со Рагби унијата од Санкт Петербург, Сојузот на хокеари на трева на Руската Федерација, Качувачкиот сојуз на Санкт Петербург и веслачкиот центар.

Здравје / рекреација

Секое лето, околу 400 студенти можат да одат во одморалиштето Хоризонт во близина на Црното Море.

Одморалиштето е отворено за студентите во текот на целата година.

Во текот на академската година, над 1.500 студенти се вклучени во викенд патувања кои се фокусираат на различни теми во регионот на Ленинград.

Remove ads

Список на ректори

Thumb
Петар Плетњов
Thumb
Хајнрих Ленц
Thumb
Карл Федорович Кеслер
Thumb
Иван Боргман
1819–1821 година Михаил Балуѓански
1821–1825 година Јевдоким Зјабловски
1825–1836 година Антоан Жеди Дугур
1836–1840 година Иван Шулгин
1840–1861 година Петар Плетњов
1861–1863 година Александар Воскресенски
1863–1865 година Хајнрих Ленц
1865–1867 година Александар Воскресенски
1867–1873 година Карл Федорович Кеслер
1873–1876 година Петар Редкин
1876–1883 година Андреј Бекетов
1883 (1884) –1887 година Иван Андреевски
1887–1890 година Михаил Владиславјев
1890–1897 година Петар Никитин
1897–1899 година В. Сергеевич
1899–1903 година Адолф Холмстен
1903–1905 година А. Жданов
1905–1910 година Иван Боргман
1910–1911 година Давид Грим
1911–1918 година Ервин Грим
1918–1919 година Александар Иванов
1919 година Сергеј Жебелев
1919–1922 година Владимир Шимкевич
1922–1926 година Николај Державин
1926–1927 година В. Томашевски
1927–1930 година Михаил Серебрјаков
1930–1932 година Јуриј Никич (директор)
1932–1933 година В. Серјожников (директор)
1933–1938 година Михаил Лазуркин (директор)
1938–1939 година Константин Лукашев (директор)
1939 година А. Марченко (директор)
1939–1941 година П. Золотохин (директор)
1941–1948 година Александар Вознесенски
1948–1950 година Никита Домнин
1950–1952 година Алексеј Иlyушин
1952–1964 година Александар Александров
Thumb
Математички и механички факултет во Петерхоф
1964–1970 година Кирил Ј. Кондратјев
1970–1975 година Глеб Макаров
1975–1986 година Валентин Алесковски
1986–1993 година Станислав Меркуриев
1993 (1994) –2008 година Људмила Вербитскаја
од 2008 година Николај Кропачев

Значајни студенти

Санктпетербуршкиот државен универзитет создал голем број добитници на Нобелова награда. Рускиот револуционер и основач на Советскиот Сојуз, Владимир Ленин завршил висока школа на овој универзитет. Премиерите Петар Столипин и Димитриј Медведев од Русија, претседателот и поранешен премиер на Русија Владимир Путин и претседателката на Литванија Далија Грибаускаит исто така стекнале дел од своето образование на овој универзитет, како и математичарот Михаил Громов.

Remove ads

Користена литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads