Сива боја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сива боја — боја во помеѓу црната и белата, неутрална или ахроматска (букв. „безбојна боја“).[2] Ова е бојата на облачното време, пепелта и оловото.[3]
Remove ads
Оптика на сивата боја
Во ликовната уметност, сивата традиционално се добивала со мешање на црна и бела боја. Потоплите сиви бои ги добивале со додавање на малку црвена, а за постудените додавале малку сина. Уметникот добива сива боја и со мешање на две комплементарни бои како портокалова и сината.
Денес сивата на екраните и телевизорите се добива користејќи го моделот RGB. На црн екран, црвената, зелената и сината светлина при полна јачина даваат бела боја. Намалувајќи ја јачината, се добиваат разни нијанси на сива.
Во печатарството, сивата обично се добива по моделот CMYK, користејќи синозелена (цијан), магента, жолта и црна. До сива боја се доаѓа со употреба на црна и бела, или пак со мешање на подеднакво количество на синозелена, магента и жолта. Највеќето сиви нијанси имаат студен или топол изглед. Топлиот се добива со додавање на жолта, портокалова или црвена, додека пак студените имаат додадено зелена, сина и виолетова.[4] Кога нема никаква додавка, бојата се нарекува „неутрална сива“, „ахроматска сива“ или просто „сива“. Сликите што се состојат само од црна, бела и сиви нијанси се нарекуваат монохромни, црно бели или сиво нијансирани.
| топла сива | студена сива |
| измешана со 6% жолта. | измешана со 6% сина. |
Remove ads
Сивата во животинскиот свет

Поврзано
- Сива еминенција
- Сива економија
- Црно-бело
- Сребрена боја
- Список на бои
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
