Санос
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Санос (латиница: Sanos) — компанија од Скопје, Република Македонија која произведува градски, приградски и меѓуградски автобуси, како и тролејбуси и специјални аеродромски возила.
![]() |
„Санос“ на Ризницата ? |
Remove ads
Историја
Фабриката е формирана во 1946 како државна фабрика под името ФАС „11 Октомври“ АД Скопје, иако корените на фабриката датираат уште од 1930 година кога фабриката била работилница за репарација и производство со повеќе од 30 работници. Под заштитената марка Санос, во фабриката биле произведувани сите типови на автобуси, средни автобуси, возила, специјални аеродромски возила и тролејбуси со кооперанти што успешно траело сè до 2001 година кога производството било привремено стопирано.
Во април 2004, компанијата Unitires ја купила фабриката и благодарејќи на нивното искуство во производството во авто-мото индустријата, фабриката била брзо рестартирана под новото име Фабрика за Автобуси и Возила „Санос“ (ФАВ „Санос“) и производството било обновено и модернизирано постигнувајќи квалитет кој спаѓа во рамките на најновите светски стандарди во производство на автобуси и возила.
Remove ads
Производство
Производството е главно водено од софистицирана електроника што овозможува лесно управување и контрола на целиот систем. Фабриката има лиценциран договор за техничка и технолошка соработка со германската компанија Мерцедес-Бенц потпишан во 1967.
Модели
Список на возила што се произведуваат во Санос:
Туристички возила
- S-715
- S–403
- S–404
Мини возила
- S–608
Меѓуградски возила
- S–415
- S–409
Возила за градски сообраќај
- S-213
- S-212 GND
Капацитети
Фабриката зафаќа површина од 142.000 m2 со погони за производство и сервис, административни згради, складишта, хали и комплетна инфраструктура. Моментално во фабриката има 200 редовни работници, но при обемни порачки се вработуваат дополнителни привремени работници. Моменталното производство е 250 автобуси годишно, додека максималниот капацитет на фабриката е 1500 автобуси годишно.
Надворешни врски
![]() | Оваа поврзана со Скопје статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads