Сашо Димоски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Сашо Димоски (Охрид, 1985 ) — македонски писател.

Кратки факти Сашо Димоски, Роден/а ...

Животопис

Сашо Димоски е роден 1985 година во Охрид. Дипломирал на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје на отсекот Општа и компаративна книжевносто. Неговото прво објавено дело е романот Дневникот на еден хулиган, објавен во 2014 година во издание на „Култура“. После тоа доаѓа романот Алма Малер објавен во 2014 година со истиот издавач. Романот е адаптиран за сценска изведба во Македонскиот народен театар. Во 2015 година го објавил романот Петтото годишно време, со поднаслов Вовед во историјата на третиот пол („Култура“), за што го добил Рациновото признание. Збирката драмски текстови Ние, другите е објавена во 2015 година во издание на „Култура“.[1] Романот Заспани убавици со поднаслов Втор вовед во историјата на третиот пол бил објавен во 2017 година во истата издавачка куќа што ги објавила неговите претходни книги. Неговите раскази биле објавени во списанието Рукописи (2011, Панчево), како и во Антологијата на македонските раскази издадена од Далки аркајв за американскиот пазар.[2]

Сашо Димоски работи како драматург во театарот Јордан Хаџи Константинов Џинот во Велес.[1]

Remove ads

Библиографија

  • Дневникот на хулиганот, Култура, 2014 г.
  • Алма Малер, Култура, 2014 година.
  • Петтото годишно време, Култура, 2015 година.
  • Ние, другите, Култура, 2015 година.
  • Заспани убавици, Култура, 2017 година.
  • Музеј на заборавот, Три, 2024 година.

Награди

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads