Светигеоргиев Проток
проток кој ги поврзува Ирското и Келтското Море From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Светигеоргиев Проток или Светигеоргиев Канал (англиски: St George's Channel, велшки: Sianel San Siôr, ирски: Muir Bhreatan[1]) — проток меѓу Британските Острови кој го поврзува Ирското на север со Келтското на југозапад.[2]

Во минатото, поимот „Светигеоргиев Проток“ се користел како истоветен на поимите „Ирско Море“ и „Ирски Проток“, опфаќајќи ги сите водни површини помеѓу Ирска на запад и Велика Британија на исток.[3][4] Некои географи подоцна почнале така да го нарекуваат делот кој ги дели Велс и Ленстер во Ирска,[3][4] понекогаш подразбирајќи ги и водите на југ помеѓу Западниот Крај во Англија и источен Манстер во Ирска;[4] ова подрачје денес е познато како Келтско Море. Во Република Ирска, под Светигеоргиевиот Проток обично се подразбира само најтесниот дел, помеѓу ’ртот Карнсор во Вексфорд и ’ртот Св. Давид во Пембрукшир, иако пошироката смисла е задржана во секојдневна употреба.[5]
Според тековната дефиниција на Меѓународната хидрографска организација, јужната граница на „Ирското Море и Светигеоргиевиот Проток“ како „Линија која го поврзува ’ртот Св. Давид (51.9°N 5.31°W) со ’ртот Карнсор (52.16°N 6.36°W)“ и не ги разграничува тие две водни површини.[6] Нацрт-верзијата на IV издание од 2002 г. го изоставува протокот.[7][8]
Името „Светигеоргиев Проток“ е посведочено во 1578 г.[9] во дневникот на морепловецот Мартин Форбишер. Се смета дека доаѓа од легендата за патувањето на Свети Георги, кој дошол во Британија од Византија приоѓајќи преку протокот кој денес е наречен по него.[10] Името добило на популарност со англиската колонизација на Ирска во XVI и XVIII век.[3]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads