Свети Спас (Свети Николе)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свети Спас — археолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м од центарот на градот во јужен правец и во близината на наоѓалиштето Рудина. Претставува терасеста височинка (кота 309) на која, со градежните работи за локалниот ТВ-репетитор бил откриен и отворен гроб – тип циста, од монолитни плочи од песочник и со димензии од 1,87 × 0,78 × 0,81 м. Покојникот бил положен на плеќи врз исто таква монолитна плоча. Најдени се две монети, едната на Диоклецијан а другата на Константин. Може да се претпостави дека во оваа некропола биле погребувани жителите од населбата на местото Рудина. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св. Николе[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads