Свети Спас (Свети Николе)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свети Спасархеолошко наоѓалиште во Свети Николе Претставува некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 500 м од центарот на градот во јужен правец и во близината на наоѓалиштето Рудина. Претставува терасеста височинка (кота 309) на која, со градежните работи за локалниот ТВ-репетитор бил откриен и отворен гроб – тип циста, од монолитни плочи од песочник и со димензии од 1,87 × 0,78 × 0,81 м. Покојникот бил положен на плеќи врз исто таква монолитна плоча. Најдени се две монети, едната на Диоклецијан а другата на Константин. Може да се претпостави дека во оваа некропола биле погребувани жителите од населбата на местото Рудина. Наодите се чуваат во Народниот музеј во Св. Николе[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads