Свиена приближна согласка

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Свиената приближна согласка (ретрофлексен апроксимант) е согласка што се јавува во некои јазици. Меѓународната фонетска азбука (МФА) ја бележи со симболот ⟨ɻ⟩, а X-SAMPA користи r\`. Симболот на МФА е превртена буква r со надесно опавче што излегува од долниот десен дел на буквата.

Кратки факти Свиена приближна согласка, ɻ ...
Remove ads

Особености

Свиената приближна согласка ги има следниве особености:

  • Начинот на творба е приближен, што значи дека се добива со приближување (стеснување) на гласниот апарат во местото на творба, но не доволно за да се создаде бурен воздушен тек.
  • Местото на творба е свиено, што прототипно значи дека се создава со подјазично - со врвот на јазикот свиткан нагоре. Поопшто земено, гласот е задновенечен без да претрпи палатализација. Ова значи дека покра прототипната подјазична творба, јазичниот допир може да биде и врвен или рамен.
  • Фонацијата е звучна, што значи дека гласните жици треперат при творбата.
  • Ова е устена согласка, што значи дека воздухот излегува само низ устата.
  • Ова е средна согласка, што значи дека се создава со насочување на воздушниот тек долж средината на јазикот наместо по страните.
  • Воздушниот механизам е белодробно издишен, што значи дека се создава со истиснување на воздух единствено низ белите дробови и дијафрагмата, што важи за највеќето гласови.
Remove ads

Јазици

Оваа согласка се јавува во американскиот англиски („американско р“), мандаринскиот, паштунскиот, извесни јазици во Индија како тамилскиот и малајалскиот, како и неколку австралиски и јужноамерикански индијански јазици.

Повеќе информации Јазик, Збор ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Библиографија

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads