Свиланово
месност во Кочанско From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Свиланово — месност која се наоѓа на околу 2 километри југоисточно од селото Рајчани, односно на средината во триаголникот кој го сочинуваат селата Бања, Спанчево и Рајчани (Кочанско).
Месноста е познато по убиството на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев, што се случило на 27 април 1905 година.[1]
Местоположба
Месноста се наоѓа во близина на кочанското село Рајчани, од каде води макадамски пат, кој продолжува понатаму кон селата Спанчево и Бања.
Настан
На враќањето од Бугарија на пат кон Крушево, Никола Карев ја пренокил ноќта во селото Рајчани на 26 април 1905 година. Со Никола Карев бил уште еден војвода и еден врховист. Цела ноќ воделе разговор во кој било очигледно дека не се согласуваат со врховистот по што тој го напуштил Рајчани и се упатил кон Кочани. По сѐ изгледа дека овој врховист извршил предавство.
Утредента, на 27 април 1905 година, Никола Карев и неговата чета биле нападнати од турскиот аскер од Кочани, селото Бања и од другите околни села. Четата на Никола Карев со борба се повлекла на југоисток кај месноста Свиланово каде била сардисана од турскиот аскер. Тука четата се утврдила во едно трло и ја отпочнала последната нејзина борба. По нерамноправна борба на 27 април 1905 година, кога Карев видел дека нема излез од обрачот им кажал на своите соборци дека не смеат живи да се предадат на Турците. Само еден борец на Никола Карев успеал да го пробие обрачот и да побегне, а останатите го положиле животот на ова место.[2]
Remove ads
Галерија
- Спомен-парк посветен на Карев кај Свиланово
- Новото спомен обележје на Карев
- Поранешното спомен обележје на Карев кај Свиланово
- Новиот споменик на Карев (2023)
- Поглед на меморијалниот парк (2023)
- Поглед на меморијалниот парк (2023)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads