Св. Никола (Сопотско)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Св. Николаархеолошко наоѓалиште во преспанското село Сопотско. Претставува осамен наод од римско време и средновековна црква со некропола. При изградбата на новата црква „Св. Никола“, која се наоѓа 1 км јужно од селото, биле откриени темели од постара црква. Во олтарниот дел на црквата е најдена мермерна плоча со старогрчки натпис во 36 реда, од кои подобро се зачувани последните неколку реда. Освен неа, се најдени уште 3 поголеми плочи, а по должината на темелите бронзени монети - скифати. Западно и јужно од новата црква се гледаат монолитни камени плочи од гробни конструкции. Плочата со натпис се чува во Музејската збирка во Ресен, а останатите три се пред влезот на црквата.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads