Сопотско
село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сопотско — село во Општина Ресен, во околината на градот Ресен.
Remove ads
Географија и местоположба
Сопотско — село во Преспа. Од Ресен е оддалечено 6км. Соседни села се Смилево и Златари од север, Гопеш и Ѓавато од исток, од југ со Козјак, и од запад со градот Ресен.
Историја
Пости предание дека селото во минатото на 2 пати било дислоцирано. За негови претходни локации се спомнуваат месностите Бела Нива на околу 2 км северно и Трно Нива на околу 2 км југоисточно од сегашната локација.
Во XIX век селото било дел од нахијата Горна Преспа на Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
Население
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сопотско живееле 495 жители, сите Македонци, од кои 420 православни и 75 муслимани.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сопотско имало 640 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[4]
Според пописот од 2002 година, селото брои 222 жители од кои 184 Македонци, 36 Албанци и 2 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 152 жители, од кои 111 Македонци, 31 Албанец и 10 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
Сопотско е македонско-албанско село.
- Македонски родови се: Балаловци, Вецовци (Дрменци), Геговци, Ѓаштани (најверојатно дојдени од селото Ѓавато), Инџевци, Крстановци, Калановци, Мишевци, Марковци, Митушовци, Котевци, Нечовци, Пецалевци, Патриковци, Канчовци, Ризовци, Рашмовци, Стојчевци, Србиновци, Станковци, Свирковци, Темелковци, Ќипровци, Ќосевци (Макашовци) и Шикалевци.
- Албански родови се: Бидовци, Ќеримовци, Литовци (Шаќировци) некогаш дојдени од Грција, Феимовци и Џељовци.[11]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
Македонски
- Староседелци: Крстановци (13 к.), Мишевци (11 к.), Марковци (8 к.) и Стојчевци (6 к.), Балаловци (9 к.), Аспровци (1 к.), Толевци со Ѓеровци (3 к.), Синка (1 к.), Србиновци (6 к.), Нечовци (5 к.), Ќипровци (13 к.), Инџевци (7 к.), Пецалевци (3 к.), Ќосевци (11 к.) и Чаулевци (4 к.)
- Доселеници: Ѓаштани (10 к.) доселени се многу одамна од селото Ѓавато кај Битола.
Албански
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1635 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 203 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
- Цркви[15]
- Црква „Св. Константин и Елена“ — главната селска и гробјанска црква;
- Црква „Св. Никола“ — се напоѓа на 1 км јужно од селото;
- Археолошки наоѓалишта[16]
- Бела Црква - депо на монети од средниот век;
- Св. Никола — осамен наод од римско време и средновековна црква со некропола;
- Јане Дол — осамен наод од доцноантичко време;
- Трно Нива — населба од римско време;
Редовни настани
Личности
- Наум Пецалев - Бекријата (1874 - ?) — четник на Спиро Олчев во Ресенско од1904 година;[17]
- Реис Шакири (1922-2006) — македонски и југословенски политичар, партизан и деец на НОВМ;
- Ресул Шакири (р. 1931) — политичар;
- Јаќим Ставров Аспровски — македонски револуционер од ВМОРО.[18]
- Ламбе Митрев Крстановски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Јонче Ристов Крстановски — македонски револуционер од ВМОРО.[19]
- Никола Нонев Марковски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Гоше Стевов Мушиковски — македонски револуционер од ВМОРО.[20]
- Панде Ристев Павловски — македонски револуционер од ВМОРО.
- Никола Петров Стефановски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Мице Петров Стојчевски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads