Св. Спас (Горно Крушје)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Спас — археолошко наоѓалиште во преспанското село Горно Крушје. Претставува црква и некропола од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 300 м северно од селото, од десната страна на патот Ресен-Охрид, на јужниот крај на висорамнинката од една мала височинка, која на северната страна се надоврзува на ридот Крушичка Краста, каде во 1968 година се изградени нова црква „Св. Спас“, помошна зграда и ограден ѕид. При копањето на темелите за црквата, според кажувањето на мештаните, биле откриени темели од објект ѕидани од камен и хоросан малтер, подни тули и широки ќерамиди. Исто така, откриле и повеќе гробови градени од камени плочи. Во Музејската збирка во Ресен се чуваат тегули на кои има врежано претстави на птици.[1]
Remove ads
Поврзано
- Гумење — населба од доцноантичко време;
- Старо Село — населба, црква и некропола од средниот век;
- Горно Крушје;
- Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads