Горно Крушје (Ресенско)

село во Општина Ресен From Wikipedia, the free encyclopedia

Горно Крушје (Ресенско)map
Remove ads

Горно Крушје, познато и само како Крушјесело во Општина Ресен, во областа Преспа, во околината на градот Ресен.

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во најсеверниот дел на областа Преспа, недалеку од патот Ресен - Охрид, оддалечено 9 километри северно од Ресен. Дел од атарот на селото се издига на југозападната падина на Плаќенска Планина. Селото е планинско на надморска височина од 1.140 метри. Селото има полјоделско-шумарска функција. Селото граничи со селата Скребатно, Завој, Свиништа и Плаќе од запад и северозапад, Лева Река од исток, Избишта и Болно од југ.

Remove ads

Историја

Thumb
Крушје во почетокот на XX век.

Во XIX век селото било дел од Битолската каза, нахија Горна Преспа, во Отоманското Царство.

Четири лица, односно Марјан Лазаревски, Ице Ангеловски, Бојан Лазаревски и Мице Велјановски загинале како партизани за време на НОБ во Втората светска војна. Во нивна чест и спомен, на 2 август 1985 година е подигнат споменик во југот на селото.

Население

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Крушје живееле 370 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Крушје имало 480 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Крушје се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 84 куќи.[4]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Македонци.[5]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 103 домаќинства и 107 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 55 жители, од кои 49 Македонци, 1 Албанец, 4 Бошњаци и 1 лице без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Родови

Горно Крушје е македонско село.

Родови во селото се: Башовци, Бешировци, Вељановци, Гошевци, Ганчевци, Димовци, Даворовци, Здравевци, Земановци, Зурловци, Ивановци, Јашаровци, Јузевци, Јанчевци, Коџакаревци, Костовци, Кочовци, Куртовци, Лазевци, Лазаревци, Мазевци, Мишевци, Муловци, Наумовци, Павлевци, Штерјовци, Стојчевци, Трајановци, Тумбалаковци, Тодоровци, Ташаровци, Цепенковци, Цветановци, Џавтаковци ,Шоријовци и Шишковци.[12]

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:

  • Староседелци и доселеници со непознато потекло: Цепенковци (7 к.), Здравевци (21 к.), Костовци (25 к.), Џавтаковци (9 к.), Вељановци (12 к.), Ѓоршевци (8 к.), Брлевци (4 к.) и Митановци (1 к.).
  • Доселеници со познато потекло: Јанчевци (7 к.) доселени се од селото Вапила, Охридско; Лазевци (4 к.) доселени се од селото Бучин, Крушевско; Башовци (3 к.) доселени се од некое село во Демирхисарско (Железник); Мазевци (3 к.) доселени се од селото Стрежево, Битолско.[13]
Remove ads

Општествени установи

Месна заедница на с.крушје

Црковен одбор

Самоуправа и политика

Избирачко место

Во селото постои избирачкото место бр. 1636 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на селски дом. Во ова избирачко место е опфатено и селото Илино.[14]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 73 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

Цркви
Споменици
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Св. Спас — црква и некропола од старохристијанско време;
  • Гумење — населба од доцноантичко време;
  • Старо Село — населба, црква и некропола од средниот век;
Remove ads

Редовни настани

Личности

  • Крсто Трајков — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.
  • Стево Темелков Ангелевски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
  • Ставре Темелков Ангелковски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
  • Пере Ставрев Башовски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
  • Ефтим Јанков Вељановски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[17]
  • Ванко Божинов Лазаревски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[18]
  • Наум Крстев Павлевски — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[19]
  • Тане Цветков Џавтаков — Македонски револуционер, деец на ВМОРО.[20]
Remove ads

Култура и спорт

Иселеништво

Иселеници од ова село до 1949 година може да се најдат во. Аргентина (17 семејства), САД (7 семејства), Канада (2 семејства), Ресен (2 семејства), Србија (4 семејства) и во Бугарија (2 семејства).[13]

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads