Св. Троица (Битола)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Св. Троицаархеолошко наоѓалиште во Битола. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 500 м југозападно од централното градско подрачје, на блага падина во атарот на Хераклеја Линкестис, каде во 1970 година е изградена црквата Св. Троица, и тоа врз темели на старохристијанска базилика. Во дворното место на црквата има неколку примероци од мермерна декоративна пластика: мено со база, фрагмент од парапетна плоча, капител и др. Веројатно одовде потекнува вотивната плоча посветена на Асклепиј. Постои можност тука да било сместено светилиште посветено на Асклепиј, зашто во непосредната близина се наоѓа извор кој денес се смета за лековит. Наодите се сместени во лапидариумот на Хераклеја.[1]

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads