Св. Троица (Битола)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Св. Троица — археолошко наоѓалиште во Битола. Претставува базилика од старохристијанско време. Се наоѓа на околу 500 м југозападно од централното градско подрачје, на блага падина во атарот на Хераклеја Линкестис, каде во 1970 година е изградена црквата Св. Троица, и тоа врз темели на старохристијанска базилика. Во дворното место на црквата има неколку примероци од мермерна декоративна пластика: мено со база, фрагмент од парапетна плоча, капител и др. Веројатно одовде потекнува вотивната плоча посветена на Асклепиј. Постои можност тука да било сместено светилиште посветено на Асклепиј, зашто во непосредната близина се наоѓа извор кој денес се смета за лековит. Наодите се сместени во лапидариумот на Хераклеја.[1]
Remove ads
Поврзано
- Хераклеја Линкестис — населба од хеленистичко, римско, доцноантичко време и среден век;
- Бадем Балери — депо на монети од срениот век;
- Гургур Тумба — населба од неолитско време;
- Еврејски Гробишта — населба од неолитско време;
- Кале — населба од срениот век;
- Битола
- Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads