Таупо (езеро)

езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд From Wikipedia, the free encyclopedia

Таупо (езеро)map
Remove ads

Таупо (англиски: Lake Taupō, маорски: Taupō-nui-a-Tia или Taupōmoana) — езеро на Северниот Остров на Нов Зеланд. Со површина од 616 км², ова е најголемото езеро во Нов Зеланд и воопшто во Океанија.

Кратки факти Таупо Taupō, Подрачје ...

Таупо има обиколка од околу 193 километри, а најголемата длабочина изнесува 186 метри. Езерото се празни во реката Ваикато (најдолгата во земјата), а поважни притоки се Ваитахануи, Тонгариро и Тауранга Таупо. Познато е по богатиот рибен фонд од речна и калифорниска пастрмка (донесени во XIX век).

Remove ads

Образување на езерото и вулканизам

Thumb
Местоположба на езерото

Езерото Таупо е сместено во калдера (вдлабнатина) создадена со супервулкански избув која се случила пред околу 26.500 години. Според геолошките наоди, вулканот избувнал 28 пати во последниве 27.000 години. Исфрлениот материјал главно се состоел од риолитна лава, со исклучок на извесно количесто на дацитна лава која ја создала блиската планина Таухара.

Тука се случила најголемата вулански избув во историјата на светот. Избувот исфрлил 1.170 кубни километри материјал и со тоа околното подрачје од неколку стотини квадратни километри пропаднало и создало калдера. Подоцна калдерата се наполнила со вода, која потоа се преплавила и создала огромна одливна поплава.[3]

Во меѓувреме се случиле неколку покрупни ерупции, пред последниот избув во 180 г н.е. Се смета дека со овој избув се исфрлени 100 кубни километри материјал, од кои 30 кубни километри биле исфрлени за само неколку минути. Ова е една од најбурните ерупции во последните 5.000 години, со показател на вулканска избувност од 7. Столбот на избувот бил двојно повисок од оној на Сент Хеленс во 1980, а пепелта го заруменила небото над Рим и Кина. Најголемиот дел од Северниот Остров бил разорен. Последниот избув на Таупо се случил во 210 г. н.е. Овој избув ги создал гребените Хороматанги, но и покрај тоа, тој била многу послаб од оној во 180 г. н.е..

Избувот од 180 г. н.е. е една од најголемите во пишаната историја. Ефектите на оваа појава врз небото и залезот се запишани во книгите на римските и кинеските набљудувачи од тоа време. Можно е да имало и климатски последници врз јужната полутопка.[4]

Подводната хидротермална активност продолжува и понатаму, близу отворот Хороматанги,[5], но во моментов вулканот се смета дека мирува (но не и дека е изгаснат).

Remove ads

Жив свет

Голем дел од подрачјето на езерото Таупо е шумовито, каде е најзастапена буката и ногоплодните дрва, со придружни папратници сочинети од видовите Blechnum filiforme, Asplenium flaccidum, Doodia media, Hymenophyllum demissum, Microsorum pustulatum и Microsorum scandens, како и честак од видовите Olearia ranii и Alseuosmia quercifolia.[6]

Автохтони животниски видови во езерото се ендемските ракови коура (Paranephrops planifrons) и ситните риби кокопу (Galaxias). Езерото е има богат рибен фонд од речна пастрмка (Salmo trutta) и калифорниска пастрмка (Oncorhynchus mykiss) донесени од Европа и Калифорнија кон крајот на XIX век. Донесени се и кркушки како храна за пастрмките.

Околу геотермалните отвори живеат сунѓери и придружни безрбетници.[5]

Remove ads

Туризам

Thumb
Сателитска снимка на езерото Таупо (НАСА)

Туризмот е главна стопанска гранка во регионот, со над 1,2 милиони посетители годишно. Најпрометно време за угостителските објекти е летниот период, околу Божиќ и Нова Година.

Езерското подрачје се одликува со блага клима. Максималната дневна температура се движи од 24 °C (јануари) до 15 °C (јули), а ноќната од 16 °C (лето) 5 °C (зима). Највеќе врнежи има во текот на летото.[7]

Таупо е домаќин на велосипедски маратон околу езерото кој трае од четири до десет часа. Највеќето учесници се жители на гратчето Таупо. Популарна туристичка активност е и падобранството.

Поврзано

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads