Северна небесна полутопка
северната половина од небесната сфера From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Северна небесна полутопка или северно небо — северната полутопка на небесната сфера, односнo подрачјето кое лежи северно од небесниот екватор. За оваа произволна сфера велиме дека се врти во западен правец околу поларната оска поради вртењето на Земјата.

Целото северно небо е видливо од географскиот Северен Пол во секое време, и станува помалку видливо како што набљудувачот оди појужно. Јужниот истоветник на оваа полутопка е јужната небесна полутопка.
Remove ads
Астрономија
Во контекст на астрономските расправи во врска со небесната картографија, оваа небесна полутопка се нарекува просто „северна полутопка“.
При изработка на ѕвездени карти, астрономите го поимуваат небото во сфера поделена на две по линијата на небесниот екватор. Северното небо (северната полутопка) е онаа половина од небесната сфера која лежи северно од небесниот екватор.
Дури и ако геоцентричниот систем е идеална проекција на земскиот екватор врз замислена небесна сфера, северната и јужната небесна полутопка не треба да се мешаат со полутопките на самата Земја.
Remove ads
Соѕвездија
Од вкупно 88 соѕвездија, 43 лежат претежно на северната небесна полутопка, од кои 28 се целосно на неа. Останатите 14 (Бик, Водна Змија, Водолија, Девица, Еднорог, Змија, Змијоносец, Кит, Лав, Мало Куче, Орел, Орион, Риби и Секстант) во извесна мера се протегаат и на јужната. Еридан има дел на северната.[1] Северни соѕвездија се следниве:
- Андромеда
- Береникина Коса
- Бик
- Близнаци
- Водна Змија
- Водолија
- Воловар
- Голема Мечка
- Гуштер
- Девица
- Делфин
- Еднорог
- Еридан
- Ждребе
- Жирафа
- Змеј
- Змија
- Змијоносец
- Касиопеја
- Кефеј
- Кит
- Кочијаш
- Лав
- Лебед
- Лира
- Лисица
- Ловечки Кучиња
- Мал Лав
- Мала Мечка
- Мало Куче
- Овен
- Орел
- Орион
- Пегаз
- Персеј
- Рак
- Риби
- Рис
- Северна Круна
- Секстант
- Стрела
- Триаголник
- Херкул
Поларната ѕвезда на северната небесна полутопка е Северницата, најсветлата ѕвезда во соѕвездието Мала Мечка. Најсветлата ѕвезда на целата северна небесна полутопка е Арктур, а веднаш по неа е Вега.[2]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads