Северозападен Мекленбург

From Wikipedia, the free encyclopedia

Северозападен Мекленбургmap
Remove ads

Северозападен Мекленбург (германски: Nordwestmecklenburg) — округ во северозападниот дел на сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Се наоѓа на брегот на Балтичкото Море и се граничи со сојузната покраина Шлезвиг-Холштајн на запад. Се граничи со (од исток надесно) окрузите Росток, Лудвигслуст-Пархим и слободниот град Шверин, округот Лауенбург и слободниот град Либек во Шлезвиг-Холштајн. Административното седиште на округот е во градот Висмар.[2]

Кратки факти Северозападен МекленбургLandkreis Nordwestmecklenburg, Земја ...
Remove ads

Географија

Округот е сместен во триаголник помеѓу градовите Либек, Росток и Шверин. На север се простира балтичкиот брег со малиот остров Пел; две големи езера се делумно сместени во Северозападен Мекленбург: источната половина на Шалското Езеро (23 км2) на западната граница и северната половина на Шверинското Езеро (63 км2) на југ, како и едно помало езеро, Меховско Езеро (1,6 км2).

Историја

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на претходните окрузи Гадебуш, Гревесмилен и Висмар и помали делови на окрузите Штернберг и Шверин-Ланд. При административната реформа во 2011 година, бил споен со поранешниот слободен град Висмар.[2] Името на округот било одлучено на референдум на 4 септември 2011 година.[3]

Градови и општини

Повеќе информации Слободни градови, Слободни општини ...
Повеќе информации Општински заедници ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads